Велес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 92.53.44.5) и ја поврати преработката 3904032 на Ehrlich91
Бришење на "Кочо_Рацин_и_песната_„Копачите“_на_ѕидот_на_зграда_во_Велес.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:Fitindia|
Ред 213:
 
Најсложената и најконспиративна дејност во илегала била печатење на летоци и билтени. Неколку машини за пишување и преса за умножување биле целата печатарска техника со која располагала илегалната печатница сместена во куќата на [[Нада Бутникошарева]] и во куќите на [[Димко Митрев]] и [[Јовче Чучук]]. Во работата на печатницата биле ангажирани членовите на овие семејства. [[Кочо Рацин]] пишувал статии за весникот „[[Народен билтен]]”, а му помагале и [[Данчо Зографски]], [[Јордан Тодоровски]], [[Љубомир Босилков]], [[Никола Кирков]] и други. Во [[1942]] година со изградба на скривница во куќата на Митреви се зголемила дејноста на илегалната печатница. Тогаш се умножувале брошури и летоци, се печателе списанијата „Пролетер” и „Искра”. Со печатен материјал се снабдувале партиските организации ширум Македонија. Со упадот во печатницата во декември 1942 година се разоткрила илегалната дејност на КП.
 
[[Податотека:Кочо_Рацин_и_песната_„Копачите“_на_ѕидот_на_зграда_во_Велес.jpg|мини|Кочо Рацин и песната „Копачите“ на ѕидот на зграда во Велес]]
Одредот „Трајче Петкановски” се појавил во многу специфични услови на [[23 април]] [[1944]] година во месноста [[Кадиица]] составен од борци од Велешко и [[Прилепско]]. Одредот во почетокот го сочинувале 26 борци за до [[1 септември]] [[1944]] година достигне бројка од 500 борци. Во своето 5-месечно делување не дал ниту една жртва. Од него и од новопристигнати борци на [[2 септември]] [[1944]] година во с. [[Отиштино]] била формирана ''Осмата (македонска) велешка бригада''. Нејзините дејствија биле насочени кон целосно ослободување на Македонија од фашистичкиот агресор. Ноќта меѓу 8 и [[9 ноември]] бригадата пристигнала на територијата на Велес, поточно во с. [[Горно Оризари]]. Во 4 часот наутро на [[9 ноември]] ги запоседнале борбените позиции за напад и ослободување на Велес. Во попладневните часови градот бил ослободен. По ослободувањето, со Законот за преименување на град Велес во [[Титов Велес]], донесен на [[10 октомври]] [[1946]] година, градот Велес бил преименуван во Титов Велес.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/F061B7888CAE4809AEE33286897B5A52.pdf Службен весник на НРМ, 31/36, 1 стр.]</ref>
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Велес