Разлика помеѓу преработките на „Дмитриј Иванович Менделеев“

Одбиена последната промена (од VirusM) и ја поврати преработката 3823958 на Bjankuloski06
(Одбиена последната промена (од VirusM) и ја поврати преработката 3823958 на Bjankuloski06)
[[Податотека:Mendelejevs periodiska system 1871.png|мини|лево|500п|Периоден систем на Менделеев од 1871 година]]
 
== Живот ==
Менделеев се родил на 8 февруари 1834 година во едно село во близина на градот [[Тобољск]], на крајниот исток на [[Сибир]], како четиринаесетто дете на Иван и Марија Менделееви. Таткото, директор на локално училиште, ослепел и набргу умрел, а фабриката каде што работела мајка му изгорела, така што семејството во [[1849]] година се преселило во [[Санкт Петербург]], со цел талентираниот Димитриј да се запише на универзитет. По долготрајните напори, тој се запишал на педагошкиот институт во [[Санкт Петербург]]. Студиите ги завршил со златен медал, а потоа продолжил со студии по хемија во [[Одеса]]. Во Санкт Петербург, Менделеев станал професор по [[хемија]] на тамошниот Технички институт.
 
Подоцна, одредено време, Менделеев престојувал во [[Германија]] и [[Франција]], каде што работел со познати научници како Бунзен, Кирхоф и Каницаро. Покрај тоа што ја составил првата табела на [[Периоден систем на елементите|периодниот систем на елементите]], тој работел и на решавање на различни технички проблеми во [[Индустрија|индустријата]]. Особено е значајна неговата работа врз развојот на методите за изучување на хемијата.
 
Тој станал познат по низа откритија како професор на Универзитетот, за што добил признанија од Кралскиот универзитет во [[Лондон]], а пред крајот на животот станал член на шведската Кралска академија на науките. Во [[1906]] година бил номиниран за [[Нобелова награда за хемија|Нобеловата награда]], која никогаш не му била доделена.
 
Во [[1890]] година, тој ги поддржал своите студенти во барањето на подобри студентски услови, при што влегол во отворен конфликт со власта. Затоа бил предвреме пензиониран.
 
Менделеев умрел од [[грип]] во [[1907]] година, во Санкт Петербург, неколку дена пред својот 73. роденден.<ref>"Идеалната формула на вотката е на Менделеев", ''Дневник'', година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 22.</ref>
 
Во чест на неговите заслуги, на [[Месечина|Месечината]] има кратер што го носи неговото име, а 101. елемент во Периодичниот систем,откриен во [[1955]] година, го носи неговото име - "менделевиум".
 
[[Податотека:Mendelejevs periodiska system 1871.png|мини|лево|500п|Периоден систем на Менделеев од 1871 година]]