Јурумлери: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 162:
|'''2.983'''
|}
 
=== Родови ===
Јурумлери е мешано село.
 
Според истражувањата од 1953 година родови во селото се:
 
'''Македонски'''
 
* '''Доселеници:''' ''Робевци (5 к.)'' најстар македонски род во селото. Доселени се во првата половина на 19ти век од селото [[Булачани]] на [[Скопска Црна Гора]], таму имале кумови наречени ''Јаневи''; ''Савески (2 к.)'' доселени се во 19ти век, но не знаат од каде точно; ''Дуњечковци (2 к.)'' доселени се во 19ти век од [[Долно Лисиче]]. Една нивна гранка прешла во Јурумлери, а од таму во [[Кадино]]; ''Корабџиовци (2 к.)'' доселени се, но не знаат од каде точно; ''Кумановци (2 к.)'' доселени се од селото [[Идризово]]. А таму од селото [[Матејче]] кај [[Куманово]]. Имаат роднини во [[Идризово]], [[Трубарево]] и [[Мралино]]; ''Јовевчиња (2 к.)'' доселени се од [[Водно (населба)|Горно Водно]]; ''Стојанови (1 к.) и Илијоски (4 к.)'' доселени се од селото [[Идризово]] во текот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]]; ''Ѓечовци (4 к.)'' доселени се од [[Драчево]], а таму од [[Драчевица (Скопско)|Драчевица]]. Во Драчево имаат роднини; ''Ицкови (4 к.)'' доселени се во 1922 година од селото [[Раштак]]. Таму припаѓале на родот ''Николови''. По преданието овој род потекнувал од предок Албанец-католик од околината на [[Скадар]] во северна [[Албанија]]. Од таму предците се доселиле во селото [[Рашче]], па потоа некој предок заминал во Раштак. Ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 40 год. во 1953 година) Димитрија-Димо-Ристо-Ѓорче, кој прешол од [[Рашче]] во [[Раштак]]. ''Николови'' поради тоа што порано биле католици го имаат прекарот латини; ''Гурмешови (3 к.)'' доселени се во 1923 година од селото [[Кучевиште]] на [[Скопска Црна Гора]]. Таму имале роднини; ''Емширови (1 к.)'' доселени се во 1925 година од селото [[Кучевиште]]; ''Патлиџанои (3 к.)'' доселени се во 1925 година од селото [[Горно Соње]]. Таму имале роднини, подалечно потекло од [[кумановско]]; ''Пунџови (3 к.)'' доселени се во 1925 година од селото [[Горно Соње]]; ''Спасови (3 к.)'' доселени се во 1937 година од селото [[Горно Соње]]. Таму биле староседелци; ''Водњани (2 к.)'' доселени се во 1930 година од [[Водно (населба)|Горно Водно]], таму имале роднини; ''Калајџиови (3 к.)'' доселени се во 1942 година од селото [[Раштак]]. Они се деленици од ''Ицкови''; ''Стојкови (1 к.)'' доселени се во 1942 година од селото [[Раштак]]; ''Младеновчиња (1 к.), Тутуној (1 к.), Бачови (2 к.) и Младенови (2 к.)'' доселени се во 1942 и 1944 година од [[Горно Соње]]; ''Пупунчеви (1 к.)'' доселени се во 1945 година од селото [[Раштак]]; ''Караманови (1 к.) и Ѓевкови (1 к.)'' доселени се во 1947 година од селото [[Раштак]]; ''Јосифои (1 к.)'' доселени се во 1945 година од селото [[Горно Соње]]. Таму имале роднини, подалечно потекло од [[дебарско]]; ''Николеи (1 к.)'' и они се од [[Горно Соње]]; ''Пометкои (1 к.)'' доселени се од [[Сопиште]]. Таму биле староседелци; ''Петкоски (1 к.)'' доселени се од селото [[Орах]] кај [[Куманово]].
 
'''Ромски'''
 
* '''Доселеници:''' ''Селимовци (2 к.), Дурчевци (4 к.), Бафтијарови (2 к.), Џемаилови (2 к.), Идризови (3 к.), Беќирови (1 к.), Дестанови (1 к.) и Шаин Алија (1 к.)'' овде живеат уште од турско време.
 
'''Албански'''
 
* '''Доселеници:''' ''Муслиови (1 к.) и Реџепови (1 к.)'' доселени се во различен период од [[Република Косово|Косово]]. Нивното потекло е [[Роми|ромско]], [[Маљоци]]; ''Демирови (1 к.)'' доселени се во 1933 година од [[Скопје]]. А таму се доселени во 1920 година од селото [[Мало Пољцу]] кај [[Штимле]] во [[Република Косово|Косово]]; ''Цуц Нуа (2 к.)'' они се Албанци католици. Доселени се од селото [[Градешница Призрен|Градешница]] кај [[Призрен]]. Брачни врски одржувале со католиците во околината на [[Гнилане]] во [[Република Косово|Косово]].
 
'''Срби'''
 
* '''Доселеници:''' ''Бранковиќи (1 к.)'' доселени се во 1935 година од селото [[Попчица]] во [[сврљишки округ]].<ref>{{Наведена книга|title=|last=|first=|publisher=|others=Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
 
 
== Општествени институции ==