Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
сНема опис на уредувањето
Ред 47:
===Геополитика на воздушниот простор===
[[File:Де-Северски - Геополитика на воздушниот простор.jpg|thumb|мини|лево|Мапа на рамнотежата на моќта помеѓу [[Америка]] и [[Евроазија]] заснована на контролата воздушниот простор, според Александар де Северски]]
Со зголемената динамика на развојот и напредокот на технологијата во почетокот на ХХ век се појавила нова фаза и концептуализација на геополитиката. Инспирирани од напредокот на користењето на воздухопловните сили, италијанскиот пилот Џулио Духет и американскиот пилот со руско потекло Александар де Северски ја засновуваат геополитиката на воздушниот простор<ref name="Шаревски" />. Врз основа на телурократските и таласократските начини на размислување за супериорноста на копнената и поморската моќ во однос на доминација во светот Де Северски во своето дело „Победа прку воздухопловната моќ“ (1942) изнесол тврдење за супериорност на воздухопловната моќ предлагајќи дотогаш невидено "глобално воздухопловно гледиште" во геополитиката<ref name="Шаревски" />. Тој верувал дека целосна превласт на воздушниот простор и тоа не само на локално ниво, како и привремена воздухопловна супериорност е можна<ref name="Jones" />. Според неговото мислење на положбата, конфигурација и азимуталнтаазимутната еквидистантна[[рамнодалечна проекција]] во центарот на картографски приказ на [[Северен Пол|Северниот Пол]] има клучно значење околу кое се судираат американските и советските воздухопловни сили. Додека поголемиот дел од воздушниот простор на доминација на [[САД]] се протега врз [[Централна Америка|Централна]] и [[Јужна Америка]], а [[СССР|советската]] доминација на воздушниот простор се протега врз [[Азија]] и [[супсахарска Африка]], целиот [[Северен Пол]], [[Европа]], [[Евроазија]] и [[Северна Африка]] се во т.н. ''област на одлука'' во просторот на дострелот и опсегот на двете воздухопловни сили<ref name="Jones" />. Значењето на оваа концепција на геополитиката и геостратегијата особено дошла до израз со пронајдоците во однос на вооружувањето и можностите за напад од воздух посебно: концептот за ''бомбардирање во јато'' (анг. ''Carpet bombing'') на група на авиони, пронаоѓањето на авионот бомбардер Б-29 (наречен „воздушна тврдина“) и секако пронајдокот и огромната уништувачка и разорна моќ на [[Атомска бомба|Атомската бомба]], која влијаела на развој и отворање на сосема етапа во меѓународните односи. Предностите на воздухопловството и воздушниот простор во геополитиката особено се користат и денес како што е случај со бомбардирањата и воздушните кампањи на големите сили како онаа над [[СР Југославија]] во Косовската војна од [[1999]], [[Либија]] во 2011 и актуелната војна во [[Сирија]] каде со одделни воздушни напади дејствуваат и [[Русија]] и сојузниците на [[НАТО]].
 
===Геополитика на вселената - Астрополитика===