Глобално затоплување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 46.217.19.209) и ја поврати преработката 3732079 на Ehrlich91
Ред 135:
 
==Ефект на стаклена градина==
Ефектот на стаклена градина е израз за загревање на планетата [[Земја (планета)|Земја]] кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие(век), засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.
 
Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде оддадено во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа апсорбира енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39 %) од оваа [[Енергија|енергија]], додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од [[инфрацрвено зрачење|инфрацрвеното зрачење]], оддадено од земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така да зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив [[стакленички гасови]], а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.