Разлика помеѓу преработките на „Микеланџело Буонароти“

с
нема опис на уредувањето
(→‎Сексуалност: дополнување)
с
Микеланџело е роден на 6 март, 1475 година, во Капрезе (денес познато како [[Капрезе Микеланџело]]), во близина на Арецо, во Тоскана. Неговите предци со генерации работеле скромно како банкари во Фиренца, меѓутоа неговиот татко, Лудовико ди Леонардо ди Бонароти Симони, не успеал да ја задржи банкарската работа, па повремено успевал да приграби и некоја пониска позиција во редовите на владата. Кога Микеланџело се родил, татко му бил судски администратор во малото градче Капрес и локален администратор на Чиуси. Мајката на Микеланџело била Франческа ди Нери дел Минато ди Сиена. Семејството од страната на татко му верувале дека води потекло од контесата Матилде од Канос. Ова тврдење останува недокажано, иако се претпоставува дека самиот Микеланџело верувал во тоа. Неколку месеци по неговото раѓањето, семејството се вратило во Фиренца, каде Микеланџело бил одгледан. Подоцна, за време на долготрајното боледување и после смртта на неговата мајка, во 1481 година, кога имал само 6 години, Микелаџело живеел со еден каменорезец и неговата сопруга, заедно со едно семејство во Сетињано, каде што неговиот татко поседувал каменолом за мермер и мала фарма. Џорџо Васари го цитира Микеланџело, велејќи : „Ако постои барем малку добрина во мене, тоа е затоа што бев роден во еден толку суптилен дел од нашата земја, Арецо. Заедно со млекото кое ми го носеше дадилката, ми даваа и детско длето и чекан, со кои ги создавав моите фигури.“
 
Како младо момче, неговиот татко го пратил Микеланџело на јазични студии во Фиренца заедно со хуманистот Франческо да Урбино. Младиот уметник не покажал голем интерес за школувањето. Повеќе сакал да ги прецртува сликите од црквите и да трага по друштво на уметници. На само 13 години, Микеланџело станал ученик на сликарот [[Доменико ГирландоГирландајо]]. А кога наполнил 14 години , неговиот татко го наговорил ГирландоГирландајо дури и му плаќа на Микеланџело, што тој ја посетува неговата школа, што било многу необично за тоа време. Во 1489 година, владетелот на Фиренца, Лоренцо де Медичи побарал од ГирландоГирландајо да му ги прати неговите двајца најдобри ученици, се разбира тоа бил Микеланџело, заедно со Франческо Граначи. Од 1490 година до 1492 година, Микеланџело ја посетувал Академијата на Медичи, основана напоредно со неоплатонските погледи, во која учел за хуманизмот. Го изучувал вајарството под диригентска палка на Бертолдо ди Џовани. Низ академијата, не само на надворешниот изглед, туку и на самите негови дела можеле да се забележат влијанија од многу прочуени филозофи и писатели до тоа време, како што се Марсиљо Фиконо, Пико дела Мирандола и Поличиано. Во тоа време Микеланџело ги вајал делата „Богородица во карпите“ (1490 – 1492 година ) и „Битката на кентаурите“ (1491 – 1492 година ). Второто било поттикнато од тема на Поличиано, а било правено по нарачка на Лоренцо де Медичи. На 17 годишна возраст, Микеланџело се здобил со удар во носот од неговиот соученик во вајарската школа на Бертолдо ди Џовани, Пјетро Ториџиано. Тоа оставило трајна деформација на неговото лице, видлива на сите негови портрети.
 
=== Полнолетство ===
 
=== Оспорувани дела ===
Многу од делата кои му се препишуваат на Микеланџело се оспорувани. Такви се скулптурата „Оплакување“ и сликите на „Голема Богородица“ и „Измачувањето на Св. Антонио“, која денес се наоѓа во музејот на уметност Кимбел, во САД (претходно постоеле докази дека е изработена во ателјето на Доменико ГирландиоГирландајо, а потоа следеле два неуспешни обиди да се докаже дека е насликана од раката на Микеланџело). Покрај овие неколку, скулптрурата на „Заспаниот Купидон“, која била реоткриена во Француската амбасада во Њујорк во 1996 година (која моментално е позајмена од Митрополитскиот музеј на уметност), исто така се препишува на Микеланџело, меѓутоа без никакви веродостојни докази.
 
== Архитектура ==