Банту-народи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
==Карактеристики==
Банту-народите претставуваат смеса од повеќе од 220 племиња, како: [[Свахили]], [[Кикуију]], [[Акамба]], [[Зулу]], [[Коса (племе)|Коса]], [[Басумбва]], [[Ватузи]] и други, кои ја населуваат територијата јужно од 5. степен северна географска ширина ([[Кенија]], [[Уганда]], [[Тангањика]], [[Њаса]], [[Зимбабве]], итни тн.). Инаку, зборот „Банту“ значи „луѓе“. Поради големата територија која ја населува, оваа етничка група не се оформила како компактен народ, но одделните племиња ги поврзувале сличностите во [[Банту-јазик|јазикот]]. Иако племињата од етничката група Банту зборуваат над 180 посебни [[Јазик|јазици]], сепак меѓу нив постои голема сличност. Така, сите зборови се распоредени по категории ([[луѓе]], [[животни]], предмети, [[растенија]], итни тн.) и секоја категорија има посебен префикс. Исто така, со префиксот се означуваат еднината, множината и времето, додека суфиксите ги означуваат глаголските начини. Притоа, основниот префикс се повторува во целиот [[Синтакса|синтаксички]] комплекс. На пример, „кити“ значи стол, додека „кити киле кимеангука“ значи: столот падна. Се смета дека денешните Банту-народи потекнуваат од заедничките предци кои живееле во северниот басен на реката [[Конго (река)|Конго]] и дека со текот на времето биле принудени да се селат на [[југ]]. Различните [[Географија|географски]] и [[клима]]тски услови придонесле да се развијат разлики во начинот на живеење кај овие народи. Така, Западните Банту-народи се занимавале претежно со [[земјоделство]], а источните и Јужните Банту-народи се занимавале со [[сточарство]] и применувале посовршени методи на обработување на земјата, т.е. го познавале наводнувањето, па дури и исушувањето на [[Мочуриште|мочуриштата]].<ref>Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: ''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 187-188.</ref>
 
== Поврзано ==