Стојан Георгиев Томовичин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 12:
}}
 
'''Стојан Николов Георгиев (Мачката)''' бил македонски национален деец од [[Пиринскиотпиринскиот дел на Македонија]], борец за националните права на [[Македонци]]те под [[Бугарија]].<ref>{{цитирана книга|last=Cvetanka M. Vidovska|title=Bibliografija na ilustriranoto spisanie "Makedonija", 1953-1993: bibliografijata gi opfaḱa publikuvanite prilozi od otvori od Makedonija, avtori Makedonci od dijasporata, kako i prilozi od stranski avtori|publisher=C.M. Vidovska|date=1998|language=македонски}}</ref>
 
Стојан Георгиев потекнува од бунтовничко македонско семејство. Неговиот дедо од мајчина страна цели пет години поминал во затворот „Еди куле“ како борец за ослободување на Македонија од Османлиското ропство. И други негови предци се бореле и умирале за слободата на македонскиот народ.
 
Стојан Георгиев (наречен Томовичин по дедо му Томо) е роден на [[18 март]] [[1938]] година во градот [[Петрич]], Пиринскиот дел на Македонија. Уште како ученик на 18-годишна возраст доаѓа во судир со бугарската власт поради неговиот јавно искажан став за постоење на Македонците како посебен народ од Бугарите и членство во илегалната македонска организација [[Независна македонска организација Илинден|Илинден]]. Покрај бројните полициски испитувања и малтретирања од секаков вид, има одлежано две затворски казни од по четири години. По паѓањето на комунизмот во Бугарија, избран е за прв претседател на [[ОМО Илинден|ОМО „Илинден“]]. Наспроти сите закани и притисоци во Бугарија, учествува на разни меѓународни средби на кои го брани правото на Македонците да се стекнат со своите национални права.
 
 
== Наводи ==