Миладиновци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 84:
 
===Родови===
Во Миладиновци денес живее огромно мнозинство од православни [[Македонци]] кои биле мнозинство и во минатото кога имало и помал број на [[Турци]], и многу мал број на србски и албански родови.
Во Миладиновци денес живее огромно мнозинство од православни [[Македонци]] кои биле мнозинство и во минатото кога имало и помал број на [[Турци]]. Македонски родови се: ''Трајанковци'' кои се делат на ''Марковци, Пешевци, Здравковци, Трпковци'' и ''Николовци'' (први доселеници во XVIII век дојдени од околината на [[Прилеп]], веројатно с.[[Мажучиште]] воедно најголем род во селото и еден од најголемите во [[Скопско]]), ''Шоповци'' (од с.[[Четирце]] - Кумановско), ''Ѓорчевци'' или ''Цветановци'' (од с.[[Катланово]]), ''Клепевци'' (од околината на [[Свети Николе]]), ''Корелевци'' (од околината на [[Прилеп]]), ''Русановци'' (од блиското с.[[Сушица (Скопско)|Сушица]] во долината на [[Пчиња]])<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр. 139</ref>. По заминувањето на отоманската власт во Миладиновци се доселиле следните македонски родови: Црногорци од родот ''Дупиновци'' (од с.[[Бродец (Скопско)|Бродец]] на Скопска Црна Гора), ''Максимови'' (од с.[[Брешко]] - Кумановско), ''Сибинови'' (од с.[[Младо Нагоричане]] - Кумановско), ''Тодоровски'' (од с.[[Облавце]] - Кумановско), ''Мачорци'' (од с.[[Романовце]] - Кумановско), ''Балабановци'' (од с.[[Нерав]] - Кривопаланечко)<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, стр. 139-140</ref>
 
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се.<ref>Трифуноски, Ф. Јован. „Скопско поле“. Скопје, 1955, </ref>
 
Турски
 
* '''Доселеници:''' ''Алиловци (1 к.)'' доселени се кон крајот на 18ти век од местото [[Оросан]] во [[Арабиска Пустина|Арабистан]]. Ја знаат следната генеологија Кадрија (жив на 72 год. во 1953 година) Мустафа-Али-Дервиш-Абдула (Али-Ефенди), кој се доселил. Од старото место се иселиле три семејства. Една останала овде, втората отишла во селото [[Текија]] (''Имеровци''), а третата се населила во селото [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]], таму потоа се албанизирале; ''Узеировци (1 к.)'' по потекло се [[Јуруци]]. Доселени се од [[Свети Николе]]; ''Елезовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Црн Врв]]. Потекнуваат од предок Албанец. Подалечно потекло имаат од северна [[Албанија]]; ''Јакуповци (2 к.)'' доселени се од селото [[Вражале|Вражала]] во сливот на [[Кадина Река]]. Потекнуваат од предок Албанец, подалечно потекло од северна [[Албанија]].
 
'''Македонски'''
 
* '''Доселеници:''' ''Трајанковци (40 к.)'' се делат на ''Марковци, Пешевци, Здравковци, Трпковци и Николовци''. Они се најстар македонски род во селото. Доселени се од некое село во околината на [[Прилеп]] ([[прилепско]]). Ја знаат следната генеологија Донче (жив на 67 год. во 1953 година) Стојан-Веселин-Здравко-Коле-Трајан, кој се иселил со неговиот брат (Трајко) од [[прилепско]]. Трајан дошол во селото Миладиновци, а Трајко отишол во некое село во [[Овче Поле]]; ''Шоповци (12 к.)'' доселени се од селото [[Четирце]] кај [[Куманово]]. Ја знаат следната генеологија Петре (жив на 53 год. во 1953 година) Васил-Мане-Спасо-Ѓорго. Во старото место направиле некоја беља и се иселиле; ''Ѓорговци или Цветановци (7 к.)'' доселени се во 19ти век од селото [[Катланово]]; ''Клепевци (1 к.)'' доселени се исто така во 19ти век од некое село кај [[Свети Николе]] ([[Овче Поле]]); ''Корелјци (1 к.)'' доселени се од некое село во [[прилепско]]; ''Русановци (1 к.)'' доселени се пред 1912 година од селото [[Сушица (Скопско)|Сушица]]; ''Црногорци (4 к.)'' доселени се во 1916 година од селото [[Бродец (Скопско)|Бродец]] на [[Скопска Црна Гора]]. Таму припаѓале на родот ''Дупиновци''. Имаат роднини во [[Маџари]] и [[Ченто (населба)|Сингелич]]; ''Максимови (1 к.)'' доселени се во 1926 година од селото [[Брешко]] кај [[Куманово]]; ''Сибинови (1 к.)'' доселени се во 1938 година од селото [[Младо Нагоричане]] кај [[Куманово]]; ''Тодоровски (1 к.)'' доселени се во 1938 година од селото [[Облавце]] кај [[Куманово]]; ''Мачорци (1 к.)'' доселени се во 1938 година од селото [[Романовце]]. А таму биле доселени од селото [[Младо Нагоричане]] кај [[Куманово]]; ''Балабанци (2 к.)'' доселени се во 1925 година од селото [[Нерав]] кај [[Крива Паланка]]. Таму имале истоимени роднини.
 
'''Србски род'''
 
* '''Доселеници:''' ''Стефановиќи (1 к.)'' доселени се во 1918 година од местото [[Лева Река Црна Гора|Лева Река]] во [[Црна Гора]].
 
'''Албански род'''
 
* '''Доселеници:''' ''Рамадан (1 к.)'' доселени се од селото [[Копаница]]. Уште подалечно потекло од северна [[Албанија]].
 
== Општествени институции ==