Западна Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Многу често овој термин се користи во политичка смисла само за регионите на [[Тетово]], [[Гостивар]] и [[Дебар]], односно на краиштата претежно населени со [[Албанци]], што е погрешно бидејќи во Западна Македонија покрај овие три региони спаѓаат и следниве градови и нивните околини: [[Битола]], [[Прилеп]], [[Охрид]], [[Струга]], [[Кичево]], [[Крушево]], [[Ресен]], [[Македонски Брод]] и [[Демир Хисар]].
 
Иако географски гледано денес на картата на [[Република Македонија]] градот [[Прилеп]] изгледа дека е на средишниот дел, сепак ако се гледа картата на регионот [[Македонија (регион)|Македонија]] ([[Вардарска Македонија|Вардарска]], [[Егејска Македонија|Егејска]] и [[Пиринска Македонија]]) пред поделбата во [[1913]], тој ги има етно-географскитеетногеографските карактеристики на западен македонски град.
 
== Демографија ==
Според пописот од 2002 година, во овој регион живееле '''763.912''' жители.<ref name="попис">{{цитирана мрежна страница|url=http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија|date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=29 март 2016}}</ref>
 
Од етнички аспект, [[Македонци|Македонците]] живеат на целата територија, а [[Албанци|Албанците]] претставуваат мнозинско население во целата област [[Полошка Котлина]], во градот [[Дебар]], а околу една половина од населението сочинуваат во [[Кичевско]] и [[Струшко]] (дел од [[Македонци-муслимани|Македонците муслимани]] се изјаснуваат како [[Албанци]]). Помал број на [[Албанци]] живеат во градот [[Охрид]], [[Битола]] и [[Ресен]], како и во неколку [[Преспа|преспански]], [[Битолско|битолски]], [[Прилепско Поле|прилепски]] и [[Крушевско|крушевски]] села. Македонското население е поделено во две конфесии - христијани и муслимани, а Македонците муслимани претставуваат најмногубројно население во [[Рекански регион|Реканскиот регион]], а исто така во голем број се застапени и во [[Дебарско]], [[Жупа]], [[Струшко]] ([[Струшко Поле|Поле]] и [[Дримкол]]) и [[Кичевско]] и [[Прилепско]]. Турците во најголем број живеат во [[Гостиварско]], односно во градот [[Гостивар]] и уште во неколку големи села, потоа во [[Жупа]], [[Преспа]], како и во градовите [[Дебар]], [[Струга]], [[Охрид]], [[Кичево]], [[Битола]] и [[Ресен]]. [[Македонски Роми|Ромите]] се застапени готово во сите градски средини, а [[Македонски Власи|Власите]] живеат во [[Струга]], [[Охрид]], [[Битола]] и во неколку [[битолски]] села.
 
Етнички гледано, населението е составено од:<ref name="попис" />
{| class="wikitable"
|<small>Број</small>
|<small>%</small>
|
|-
|'''Вкупно'''
|'''763.912'''
|100
|-
|[[Македонци]]
|369.115
|48,3
|-
|[[Албанци]]
|316.731
|41,4
|-
|[[Турци]]
|44.802
|5,86
|-
|[[Роми]]
|14.237
|1.86
|-
|[[Власи]]
|3.383
|0.44
|-
|[[Бошњаци]]
|2.692
|0,35
|-
|[[Срби]]
|2.176
|0.28
|-
|други
|10.776
|1.41
|}
 
== Поврзано ==