Тамара Котевска: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 00:37, 26 јануари 2020

Тамара Котевска (родена на 9 август 1993 година во Прилеп) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година.

Биографија

Котевска е родена во Прилеп. Добила стипендија за студирање во странство во Тенеси. Дипломирала на Факултет за драмски уметности на Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, со акцент во документарниот филм.

Кариера

Заедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017). Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994).