Википедија:Заштита на личните податоци: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
==Кориснички сметки и авторство==
 
Фондацијата не бара уредниците да се регистрираат на проектите. Секој може да уредува без да се најави со корисничко име - во тој случај тие ќе бидат препознаени преку мрежната IP-адреса. Корисниците кои се регистрирани се препознаени преку нивното избрано корисничко име. Тие одбираат лозинкајавка која е тајна и се користи за проверување на интегритетот на нивната сметка.
Освен ако е дојдено до степен да се бара од законот, ниту едно лице не треба да открие, со или без намера, лозинкијавки на кориснички сметки и/или колачиња (cookies) создадени за препознавање на корисникот. Откако еднаш ќе се создадат, корисничките сметки не се отстрануваат. Можно е корисничкото име да биде променето, зависно од начелата на индивидуалните проекти. Фондацијата не гарантира дека определено корисничко име ќе биде променето на барање.
 
==Целта на собирање на лични податоци==
Ред 48:
 
====Колачиња====
:Сајтовите поставуваат привремено сесиско колаче на сметачот на посетувачот кога е посетена страницата на некој проект. Читателите кои немаат намера да се најуваат или да уредуваат можат да го одбијат ова колаче; тоа ќе биде избришано на крајот од сесијата на пребарувачот. Повеќе колачиња можат да бидат поставени кога некој се најавува за да го задржи најавениот статус. Ако некој го зачува своето корисничко име и лозинкајавка во неговиот пребарувач, информацијата ќе биде зачувана 30 дена и оваа информација ќе биде повторно праќана до опслужувачот при секоја посета на истиот проект. Придонесувачите кои користат јавна машина и кои не посакуваат да го покажат своето корисничко име на идните корисници треба да ги исчистат овие колачиња по употребата.
 
====Историја на страницата====
Ред 73:
::Преку е-пошта:
::Корисниците не се задолжени да овозможат е-поштенска адреса кога се регистрираат. Корисниците кои ќе овозможат валидна е-поштенска адреса можат да овозможат другите најавени корисници да им пратат пошта преку викито. Кога се прима пошта преку овој систем, сопствената е-поштенската адреса не е прикажана. Кога се праќа пошта до други корисници, сопствената е-поштенска адреса е прикажана.
::Е-поштенските адреси наведени во корисничките нагодувања можат да бидат искористени од Фондацијата за комуникација. Корисниците чии сметки немаат валидна е-поштенска адреса нема да можат да постават нова лозинкајавка доколку претходната е изгубена. Во таква ситуација, корисниците можат да контактираат некој од администраторите на опслужувачите на Викимедија да вметне нова е-поштенска адреса. Корисникот може да ја отстрани корисничката е-пошта од своите нагодувања во било кој момент и да спречи таа да се користи. Приватната преписка меѓу корисниците може да биде зачувана по желбата на тие корисници и не е тема на начелата на Фондацијата Викимедија.
::На мејлинг листите:
::Е-поштенските адреси искористени за зачленување и постирање на мејлинг листите на некој проект се откриени на другите членови на листата. Архивите на тие листи во поголемиот дел од таквите мејлинг листи се јавни и пребарувањето на јавните архиви може да биде извршено на мрежата. Зачленетите адреси можат да бидат и цитирани во пораките на другите корисници. Овие е-поштенски адреси и било кои пораки праќани преку мејлинг листа може да бидат архивирани и како такви трајно да останат јавни.