Хераклеја Линкестис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 7:
| lon_dir=E | lon_deg=21 | lon_min=20 | lon_sec=33.0
|место=Битола
|општина=БитолаСкопје
|тип=населба
|тип1=
Ред 16:
'''Хераклеја Линкестис''' — градска населба од [[античка Македонија|старомакедонско време]] до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот [[Филип II Македонски]], како важен стратегиски пункт. Остатоците од материјалната култура од старомакедонската фаза на животот археолошки не се доволно истражени.<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996). ''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>
 
Хераклеја Линкестис се наоѓа на јужната периферија на градот [[Битола]], во подножјето на планината [[Баба (планина)|Баба]]. Името го носи според [[Херакле]], митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија [[Аргеадска династија|Аргеади]], додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното [[Антички Македонци|македонско племе]] Линкестиди. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот [[Виа Егнација|Виа Игнација]] ([[Латински јазик|лат]]. ''Via Ignatia'') кој ги поврзувал [[Драч]] и [[Босфор]]. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон [[Стоби]], а потоа кон Сердика (ден. Софија).
 
== Истражувања ==