Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Halloweener2 (разговор), вратено на последната верзија на Инокентиј
Ознака: Отповикување
поврзница
Ред 52:
Со Теодосиј започнува и клучниот пресврт во [[христијанизација]]та на Римското царство. Имено, [[христијани]]те во првите три века по [[Исус Христос]] биле особено бројни во источните провинции на царството, додека поголеми заедници на Запад имало во големите градови како [[Рим]], [[Картагина]] и [[Лугдунум]], како и во средоземните провинции. [[Константин Велики]] по 312 г. го примил [[христијанство]]то и ги запрел сите прогони. Кога под негова власт царството било обединето, под царско покровителство, во 324 г. бил одржан [[Првиот вселенски собор]] во [[Никеја]], при што се донесени низа одлуки кои се однесувале на догматските и дисциплинарни прашања, бидејќи дотогашната христијанска [[црква]] функционирала во тешки услови. Како последица на овој неединствен развој во црквата се појавиле и ралични [[теологија|теолошки]] и различни дисциплинарни толкувања (на пример, во кои денови треба да се пости). Најзначајно теолошко прашање на Никејскиот собор било прашањето за [[аријанство]]то, учењето на [[Ариј]] од [[Александрија]], кое било осудено како [[ерес]]. Иако подоцнежните цареви, како [[Констанциј II]] и [[Валенс]] го прифатиле аријанството и со сила се обиделе да наметнат единство во црквата, ова учење до крајот на IV век престанало да ја ужива поддршката во царството. Меѓутоа, најпрвин [[Готи]]те, а потоа и другите варварски народи, како [[Вандали]]те и [[Бургунди]]те го примиле христијанството во аријанска форма, со што дошло до нова поделба на линијата Римјани – варвари.
 
[[Податотека:As-Constantine-XR RIC vII 019.jpg|thumb|left|300px|'''Христијански симболи''': [[Лабарум]], воено знаме со христограм на врвот, на реверсот на монетите на цар Константин. По Константин христијанските симболи полека станале дел од римската царска и воена иконографија.]]
 
Константин направил уште еден преседан откако одредни судски инстанци им ги доверил на христијанските [[епископ]]и, со што тие се стекнале и световна моќ. Покрај тоа, христијанската црква добила право да прима подароци и завештенија, со што набргу добила и голема економска моќ. Исто така, Константин за започнал практиката за мешање во теолошките и дисциплинарните прашања, што во пракса значело дека царската власт со законски мерки ќе се бори против следбениците на учењата што црквата ги прогласила за ерес. Од друга страна, Константин ја започнал и традицијата на задужбина, односно изградба на цркви, а нешто подоцна и [[манастир]]и. До крајот на IV век, само уште еден цар, внукот на Константин, Јулијан, бил поддржувач на традиционалното [[паганство]].