Пол Верлен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62:
Верлен започнал да пишува под влијание на [[Виктор Иго|Иго]] и [[Бодлер]], а најпрвин бил салонски поет во духот на парнасовците. Во [[1866]] година ја објавил првата збирка поезија „Древни песни“, а во [[1869]] година излегла неговата втора збирка „[[Галантни свечености]]“, инспирирана од „сонот на [[18 век|18. век]]“ и од сликарството на [[Антоан Вато]]. Иго, [[Стефан Маларме|Маларме]] и [[Теодор де Банвил]] го поздравиле излегувањето на книгата, која претставува триумф на тагата, отсутноста и смртта на [[Љубов|љубовта]]. Во книгата преовладуваат меланхолични пејзажи и свежи, меки, сини сенки (во што се насетува неговито подоцнежен [[импресионизам]]), пасторални ватоовски штимунг и мисли серенади. Во [[1870]] година ја завршил збирката „Добрата песна“ за која Иго со восхит забележал дека е „цвеќе во граната“.<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, ''Есенска песна''. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref>
 
Верлен е најистакнатиот претставник на [[импресионизам|импресионизмот]] во [[книжевност]]а. Според А. Адам, одредени песни од „[[Белгиски пејзажи|Белгиските пејзажи]]“ ја создаваат [[поезија]]та на изразениот импресионизам, во она смисла на зборот што ќе се појави по 15 години во сликарството. Во [[1874]] година се појавило најимпресионистичкото дело на Верлен, збирката „[[Романси без зборови]]“. Верлен ја третирал поезијата на истиот начин како што твореле импресионистите во [[сликарство]]то: тој не обрнувал внимание на појавите, а бил преосетлив на боите и тоновите, на музичката структура на зборовите и песните. Оттука, неговата поезија зачудува првенствено со отсуството на анегдотичност. Според зборовите на О. Надал, „одредени песни збунуваат со посебноста на сензациите, со деликатниот распоред на боите, со дијапазонот на клавијатурата и чистата звучност. Барањето поетски јазик без зборови, бродоломот на смислата на зборовите на моќните текови на музиката и сликите, сведочат дека Верлен одлучно скршнал кон [[уметност]]а чија основа требало да биде сензацијата“. Навистина, во [[септември]] [[1872]] година, додека бил во [[Лондон]], Верлен пишувал за својата нова поетика која е „сосема модернистичка“, мислејќи на „Романсите без зборови“. Во тоа писмо, тој пишувал дека размислува потполно да го отстрани човекот од својата нова збирка, на сметка на предметите и пејзажите, велејќи дека „тоа ќе биде многу [[Музика|музикално]], но без инфантилноста во стилот на [[Едгар Алан По|По]]...и живописно во најголема можна мерка“. Меѓутоа, веќе во [[пролет]]та [1873]] година, Верлен започнал да се оддалечува од импресионизмот, така што збирката „Романси без зборови“ не ги почитувала доследно импресионистичките принципи.<ref>Danilo Kiŝ, „Verlen“, во: Pol Verlen, ''Pesme''. Beograd, Rad, 1969, стр. 79.</ref>
 
Верлен не ја поседувал творечката сила на Иго или мистичната длабочина на Бодлер, но затоа пак, тој бил најмузикалниот поет на своето време. Неговите песни се приближуваат до акварелите на [[Вилијам Тарнер]], исполнети со проѕирни тонови и треперливи нијанси. Како и Маларме, и тој изразил отпор кон вкочанетоста на парнасовската поезија и на студениот александринец му всадил флуидност и намерни дисонанси. Навистина, во основа ѝ останал верен на традиционалната прозодија, но сепак, тој постојано импровизирал и откривал нови можности во поетската материја и, особено во однос на версификаторските способности, ја изедначувал поетската творба со народната [[шансона]]. Во таа смисла, Клодел напишал: „Од поезијата на Верлен се воскрева најчиста и најчувствителна музика, и сите негови дела се неспоредливо единство на душата и телото низ најсуптилни [[Мелодија|мелодии]].“ Уште повеќе, [[Антоан Блонден]] рекол дека дури и неговото име завучи како чиста [[музика]].<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, ''Есенска песна''. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref>