Патот кон кметството: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Осврт кон делото: дополнување
Ред 47:
Од друга страна, оваа кига е остро критикувана: На пример, во април 1945 година, тогашниот британски [[Дипломатија|дипломат]] во [[Вашингтон]], Ајзеа Берлин, во едно писмо до негов пријател напишал дека го читал „одвратниот д-р Хајек“; економистот Гардинер Минз, откако прочитал 50 страници, му напишал на Вилијам Бентон од [[Енциклопедија Британика]] дека „повеќе не може да ја свари книгата“ (''couldn't stomach anymore''); [[Филозоф|филозофот]] [[Рудолф Карнап]] му се пожалил на [[Карл Попер]] дека е изненаден од неговата поддршка на Хајек, забекежувајќи дека книгата е многу читана во [[Британија]], но дека неа ја фалат само подржувачите на неограничениот [[капитализам]], додека левичарите го сметаат авторот за реакционерен; во рецензијата на книгата од 5 ноември 1944 година, А. Р. Свизи ја нарекол „учебник за реакционерите“.<ref>Bruce Caldwell, „Introduction“, во: F. A. Hayek, ''The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition)''. Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 2.</ref> Исто така, во својата книга „Патот кон реакцијата“ од 1945 година, Херман Фајнер напишал дека „Патот кон кметството“ претставува офанзива против [[демократија]]та, обвинувајќи го Хајек дека се залагал за нејзино ограничување. Наспроти него, во една статија, Џорџ Соул го нарекол Хајек „миленикот на стопанската комора“, обвинувајќи го дека ги застапува интерсите на големиот [[бизнис]].<ref>Bruce Caldwell, „Introduction“, во: F. A. Hayek, ''The Road to Serfdom: Text and Documents'' (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 21-22.</ref>
 
Веднаш по објавувањето на книгата, критичарите му забележувале на Хајек за премногу едноставното објаснување на подемот на [[Нацизам|нацизмот]] како продолжение на германската [[Социјализам|социјалистичка]] традиција, укажувајќи дека [[Историја на Германија|историјата на Германија]] е многу посложена. Исто така, на Хајек му забележувале дека во книгата смао критикува, но не нуди никакви алтернативи за надминување на кризата на [[Капитализам|капитализмот]]. На пример, [[Алвин Хансен]] го критикувал Хајек дека не ја објаснил разликата меѓу „доброто и лошото планирање“. Исто така, и [[Џон Мејнард Кејнс|Кејнз]], кој многу пофално се изразил за книгата, изјавувајќи дека длабоко се согласува со неа, му забележал на Хајек дека „не дава никакви насоки за тоа каде треба да се повлече линијата“. Од своја страна, Хајек сериозни ги сфатил овие критики и во своите следни дела, како што се: „[[Уставот на слободата]]“ (''The Constitution of Liberty'') и „[[Правото, законодавството и слободата]]“ (''Law, Legislation, and Liberty'') понудил конкретни решенија за унапредување на либералната [[демократија]]. Третата голема критика кон книгата се однесувала на неубедливите аргументи против социјализмот, т.е. премолчувањето на т.н. концептот на „пазарен“ или „демократски“ [[социјализам]] кој го застапувале [[Оскар Ланге]], [[Еван Дарбин]] и други [[економист]]и. Последната критика на ставовите изнесени во „Патот кон кметството“ е позната како „тезата за неизбежност“ која му се припишува на Хајек: секој обид да се примени [[Државно планирање|државното планирање]] неизбежно води кон [[Тоталитаризам|тоталитаризам]]. Хајек во повеќе наврати негодувал против ваквите обвинувања и јасно нагласувал дека неговата книга не содржи таков став.<ref>Bruce Caldwell, „Introduction“, во: F. A. Hayek, ''The Road to Serfdom: Text and Documents'' (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 23-2529.</ref>
 
== Наводи ==