Институт за етнологија и антропологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
к
Ред 1:
'''Институтот за етнологија и антропологија''' при [[Природно-математички факултет|Природно-математичкиот факултет]] во [[Скопје]] е наследник на ''одделението за етнологија'' основано [[1946]] година од страна на професорот Бранислав Русиќ во рамките на тогашниот [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофски факултет]] во [[Скопје]]. Одделението функционирало сè до [[1953]] година кога по одлука на [[Министерство за образование на Република Македонија|Министерството за образование]] на [[НР Македонија]] престанало да постои. Единствено останал само предметот [[етнологија]] кој бил вклучен во наставниот план и програма на ''одделението за географија''. Во периодот од [[1969]] до [[1980]] година имало повеќе иницијативи за обновување на ''одделението за етнологија'', но сите биле безуспешни.
 
Во [[1984]] година одговорните државни тела од доменот на науката и образованието донеле одлука за обновување на ''одделението за етнологија'' како ''завод за етнологија'' во рамките на [[институт за географија|институтот за географија]] при [[ПМФ|Природно-математичкиот факултет]] во [[Скопје]]. Во тој период, до [[1990]] година на Заводот за етнологија работеле четворица доктори на етнолошки науки, во пензија: Галаба Паликрушева, Милош Константинов, Душан Константинов и Миодраг Хаџи-Ристиќ, а часовите по вежби ги држела асистент Мирјана Мирчевска. По [[1990]] година на ''заводот за етнологија'' дошле уште тројца доктори на етнолошки науки: Анета Светиева, Нијази Лиманоски и Ѓорѓи Здравев, еден доктор по музеолошки науки: [[Крсте Богоески]], како и двајца асистенти кои подоцна ги одбраниле и своите докторски дистертации: Љупчо Неделков и Љупчо С. Ристески. Во последните неколку години на ''заводот за етнологија'' се вработиле уште двајца асистенти: Даворин Трпески и Илина Јакимовска.
 
Во [[2005]] година, на [[31 март]], наставно-научниот совет при ПМФ го променил [[статут]]от на ПМФ со што ''заводот за етнологија'' прераснал во ''институт за [[етнологија]] и [[антропологија]]'' и е внесен како седми институт во рамките на [[ПМФ|Природно-математичкиот факултет]] во [[Скопје]], а официјално започнал да функционира од [[1 октомври]] [[2005]] година. Сегашниот наставен план и програма на студиите на институтот се направени според наставните планови и програми на [[ЕКТС|европскиот кредит-трансфер систем за етнологија и антропологија]].