Спор за името помеѓу Македонија и Грција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Fry1989 (разговор | придонеси)
File renamed. (GlobalReplace v0.6.5)
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
{{Актуелност}}
{{Името Македонија}}{{Политики на Грција}}{{Политики на Република Северна Македонија}}
'''Спорот околу името помеѓу [[Република Грција]] и [[Република Северна Македонија]]''' опфаќа неколку прашања главно обединети околу името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во оваа земја, како и ословувањето на јазикот кој тоа го користи. Ескалацијата на спорот се проширува до такви рамки што неговото решавање вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште.
 
Спорот, во главно, е плод на несогласувањето на Република Грција да го прифати уставното име [[Македонија]]. Привременото решение ''„поранешна Југословенска Република Македонија“'' (во англиската верзија ''" the former Yugoslav Republic of Macedonia"''), покрај Република Грција, го користат и неколку други земји кои не го признаваат уставното име на Македонија. Сепак сите членки на [[Обединети Нации|Обединетите Нации]], и самиот [[ОН]] како целина, се согласни да го прифатат решението што ќе произлезе како резултат на меѓусебните разговори на двете земји.
 
Сегашните граници на Република Северна Македонија се повлечени во [[1946]] година кога [[Народна Република Северна Македонија]] станува дел од [[ФНРЈ]]. И остануваат исти до ден денешен. По осамостојувањето од [[Југославија]] во [[1991]] година, Северна Македонија бара признавање под уставното име во [[Обединетите Нации]], врз основа на извештајот на [[Бадентерова комисија|Бадентеровата комисија]]. Република Грција се спротиставува на меѓународното признавање на Северна Македонија под уставното име, и тоа по неколку основи: [[Устав]]от на земјата, [[знаме]]то и името. Со цел да го спречи признавањето на Северна Македонија, Република Грција како земја членка на [[Европска Заедница|Европската Заедница]], извршува притисок врз останатите земји членки преку [[Лисабонска декларација|Лисабонската декларација]], која забранува било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска [[пропаганда]] или, воопшто, користење на терминот Северна Македонија од страна на Република Северна Македонија.
 
Поголемите политички партии на [[13 април]] [[1992]], се согласуваат дека зборот '''Македонија''' не може да биде вклучен во ниту една форма во името на Република Северна Македонија. Грчката [[дијаспора]] исто така се мобилизира, вршејќи силен притисок во [[Соединетите Американски Држави]] и [[Канада]].
 
Република Северна Македонија под своето уставно име аплицира за членство во [[Обединетите Нации]] на [[30 јули]] [[1992]] година. Од официјалната апликација до официјалниот прием, предизвика дипломатска бура во [[ОН]] како и во балканското соседство. Во меѓувреме додека се чека признавање од [[ОН]], [[Бугарија]], [[Хрватска]], [[Литванија]], [[Словенија]], [[Турција]], [[Белорусија]] ја признаваат Северна Македонија како [[Република Северна Македонија]]. Растегнувањето на признавањето има сериозни импликации врз состојбите во Северна Македонија.
 
Земајќи ги предвид состојбите во [[Хрватска]] и [[Босна и Херцеговина]], станува повеќе од потребно Северна Македонија да се стабилизира, па ова станува и дел од приоритетите на меѓународната заедница. Разградувањето на ситуациите во поранешна [[Југославија]], предизвикаа за прв пат [[ОН]] да создадат превентивни мировни трупи; истите се испратени во [[Босна и Херцеговина]].
 
== Историска позадина на спорот ==