Разлика помеѓу преработките на „Иранско-американски конфронтации од 2019 година“

нема опис на уредувањето
 
{{Актуелност}}
'''ВоенатаВоена криза во Персискиот Залив''', може да се сретне и називот '''Иранско-американски конфронтации''', претставува континуирано засилување на воената тензија меѓу [[Иран]] и [[Соединетите Американски Држави]] во регионот на [[Персискиот Залив]], која започнала во мај 2019 година и сè уште трае.
 
Иранско-американските тензии зазеле свој замав откако новата американска администрација на [[Доналд Трамп]] се повлекла од [[Ирански нуклеарен договор|Иранскиот нуклеарен договор]] во 2018 година. Ситуацијата се вжештила со распоредувањето на дополнителни американски трупи во Персискиот Залив на 5 мај 2019 година. Со убиството на иранскиот генерал [[Касем Сулејмани]] на 8 јануари 2020 година ситуацијата ескалирала на новоповисоко ниво.
 
== Позадина ==
 
=== Сегашна ситуација ===
[[Податотека:Abu Mahdi al-Muhandes & Qasem Soleimani01.jpg|мини|десно|250п|Иранскиот генерал Касем Сулејмани (лево) и командирот на Катаиб Хезболах Абу Махди ал-Мухандис (десно), убиени во воздушниот напад на аеродромот во Багдад на 3 јануари 2020 г.]]
Настаните ескалирале на крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, почнувајќи со ракетен напад на воздухопловна воена база во територијата на [[Ирак]], сместена во близина на градот [[Киркук]], каде се сместени ирачки и американски војници. Во нападот од 27 декември загинал еден цивил кој работел по договор за вооружените сили на САД, а четворица припадници на американските и двајца на ирачките сили биле повредени. САД за одговорна за нападот ја осудиле паравоената група Катаиб Хезболах, дел од т.н. [[Сили на народната мобилизација]]. Како резултат на нападот на воената база, на 29 декември САД извршила воздушни напади на пет локации на Катаиб Хезболах, наводно убивајќи најмалку 25 нејзини припадници и повредувајќи повеќе од 55.<ref>{{нмс|title=American Airstrikes Rally Iraqis Against U.S.|url=https://www.nytimes.com/2019/12/30/world/middleeast/iraq-airstrikes-us-iran-militias.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=30 декември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
На 3 јануари во 1 часот по полноќ САД извршиле воздушен напад на конвој од возила во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, убивајќи ги иранскиот генерал [[Касем Сулејмани]], командирот на Катаиб Хезболах [[Абу Махди ал-Мухандис]] и осум други нивни приврзаници.<ref>{{нмс|title=Iran's Soleimani and Iraq's Muhandis killed in air strike: militia spokesman|url=https://www.reuters.com/article/us-iraq-security-blast-soleimani/irans-soleimani-and-iraqs-muhandis-killed-in-air-strike-militia-spokesman-idUSKBN1Z201C|work=[[Ројтерс]]|date=3 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref> Американскиот напад предизвикал уште поголем гнев, целосно повлекување на Иран од нуклеарниот договор на 5 јануари и протерување на сите странски војници од иранска територија.<ref>{{нмс|title=Iran abandons nuclear deal over Soleimani killing|url=https://www.euronews.com/2020/01/05/crowds-greet-soleimani-s-body-as-trump-threatens-to-attack-52-iranian-sites|work=Euronews|date=6 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref><ref>{{нмс|title=Iraqi Parliament Passes Resolution to End Foreign Troop Presence|url=https://www.nytimes.com/reuters/2020/01/05/world/middleeast/05reuters-iraq-security-parliament-resolution.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=5 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
Во одмазда на генералот Сулејмани и останатите убиени во американскиот напад, Иран возвратила со свој воздушен напад именуван [[Операција „Маченикот Сулејмани“]]. Иранската револуционерна гарда, на која припаѓал и Сулејмани, на 8 јануари лансирала 22 ракети на две воени бази во [[Ирак]], предизвикувајќи редок директен судир меѓу Иран и САД и настан кој бил разбран во светот како најава за војна меѓу двете земји. Во иранскиот напад немало жртви, а администрацијата на Трамп ги смирила тензиите со исклучување на воена опција, но најавувајќи нови санкции.<ref>{{нмс|title=U.S. officials knew Iranian missiles were coming hours in advance|url=https://www.washingtonpost.com/national-security/us-officials-knew-iranian-missiles-were-coming-hours-in-advance/2020/01/08/b6297b4c-3235-11ea-a053-dc6d944ba776_story.html|work=The Washington Post|date=8 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref> Само неколку часа по иранскиот напад украински патнички авион бил соборен во близина на аеродромот во [[Техеран]]. Сите 176 луѓе во авионот загинале. По неколку дена негирање, Иран признала дека нејзината војска ненамерно го соборила авионот како резултат на човечка грешка.<ref>{{нмс|title=Iran plane crash: Ukrainian jet was 'unintentionally' shot down|url=https://www.bbc.com/news/world-middle-east-51073621|work=[[Би-би-си|BBC News]]|date=11 јануари 2020|accessdate=12 јануари 2020}}</ref>
 
== Наводи ==