Разлика помеѓу преработките на „Иранско-американски конфронтации од 2019 година“

с
нема опис на уредувањето
с
Ирански [[нафтен танкер]] ''Grace 1'' бил запленет на 4 јули од [[Обединетото Кралство]] во [[Гибралтарски Проток|Гибралтарскиот Проток]] бидејќи превезувал нафта во [[Сирија]] прекршувајќи санкции од [[Европската Унија]]. На 20 јули припадници на Иранската револуционерна гарда го заплениле британскиот танкер ''Stena Impero''. Настанот предизвикал дипломатска криза и помеѓу Иран и Обединетото Кралство. Сепак, и двата танкери подоцна биле ослободени.<ref>{{нмс|title=Iran threatens to seize UK ship over Gibraltar incident|url=https://www.dw.com/en/iran-threatens-to-seize-uk-ship-over-gibraltar-incident/a-49493999|work=[[Дојче Веле]]|date=5 јули 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref><ref>{{нмс|title=British-Flagged Tanker Leaves Iran, Two Months After It Was Seized|url=https://www.nytimes.com/2019/09/27/world/middleeast/iran-uk-oil-tanker-stena-impero.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=27 септември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
Како резултат на нападите на нафтените танкери во ноемврисептември под водство на САД е формирана Меѓународна коалиција за поморска безбеднст ({{lang-en|International Maritime Security Construct}}), тело кое треба да донесе безбедност за трговијата на нафта во [[Персискиот Залив|Персискиот]] и [[Омански Залив|Оманскиот Залив]]. Во ова тело на САД им се приклучиле [[Австралија]], [[Обединетото Кралство]], [[Саудиска Арабија]], [[Бахреин]], [[Обединетите Арапски Емирати]] и [[Албанија]].<ref>{{нмс|title=Maritime coalition launched to protect Gulf shipping after Iran attacks|url=https://www.arabnews.com/node/1580576/middle-east|work=Arab News|date=7 ноември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
Во екот на кризата, ситуацијата уште повеќе се влошила во внатрешноста на Иран кога во средината на ноември 2019 година започнале низа граѓански протести во повеќе градови во [[Иран]] поради зголемувањето на цената на горивото, но и како незадоволство од државните власти и [[Врховен водач на Иран|врховниот водач]] на земјата [[Али Хаменеи]]. Протестите кои сè уште се активни ескалирале во смртоносни со над 1,000 убиени.<ref>{{нмс|title=Iran gasoline rationing, price hikes draw street protests|url=https://uk.reuters.com/article/us-iran-gasoline-rationing/iran-gasoline-rationing-price-hikes-draw-street-protests-idUKKBN1XO2ZE|work=[[Ројтерс]]|date=15 ноември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
;=== Сегашна ситуација ===
Настаните ескалирале на крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, почнувајќи со ракетен напад на воздухопловна воена база во територијата на [[Ирак]], сместена во близина на градот [[Киркук]], каде се сместени ирачки и американски војници. Во нападот од 27 декември загинал еден цивил кој работел по договор за вооружените сили на САД, а четворица припадници на американските и двајца на ирачките сили биле повредени. САД за одговорна за нападот ја осудиле паравоената група Катаиб Хезболах, дел од т.н. [[Сили на народната мобилизација]]. Како резултат на нападот на воената база, на 29 декември САД извршила воздушни напади на пет локации на Катаиб Хезболах, наводно убивајќи најмалку 25 нејзини припадници и повредувајќи повеќе од 55.<ref>{{нмс|title=American Airstrikes Rally Iraqis Against U.S.|url=https://www.nytimes.com/2019/12/30/world/middleeast/iraq-airstrikes-us-iran-militias.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=30 декември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
== Надворешни врски ==
* [https://www.rivieramm.com/news-content-hub/what-we-know-about-detained-iranian-tanker-grace-1-55529 Хронологија на настаните со нафтените танкери]
* [https://www.vox.com/world/2019/7/8/18693297/us-iran-war-trump-nuclear-iraq Анализа на можна војна меѓу Иран и САД]