Разлика помеѓу преработките на „Иранско-американски конфронтации од 2019 година“

с
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: {{Актуелност}} '''Воената криза во Персискиот Залив од 2019 година''' претставува контин...)
 
с
{{Во изработка}}
{{Актуелност}}
'''Воената криза во Персискиот Залив од 2019 година''' претставува континуирано засилување на воената тензија меѓу [[Иран]] и [[Соединетите Американски Држави]] во регионот на [[Персискиот Залив]].
Ирански [[нафтен танкер]] ''Grace 1'' бил запленет на 4 јули од [[Обединетото Кралство]] во [[Гибралтарски Проток|Гибралтарскиот Проток]] бидејќи превезувал нафта во [[Сирија]] прекршувајќи санкции од [[Европската Унија]]. На 20 јули припадници на Иранската револуционерна гарда го заплениле британскиот танкер ''Stena Impero''. Настанот предизвикал дипломатска криза и помеѓу Иран и Обединетото Кралство. Сепак, и двата танкери подоцна биле ослободени.<ref>{{нмс|title=Iran threatens to seize UK ship over Gibraltar incident|url=https://www.dw.com/en/iran-threatens-to-seize-uk-ship-over-gibraltar-incident/a-49493999|work=[[Дојче Веле]]|date=5 јули 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref><ref>{{нмс|title=British-Flagged Tanker Leaves Iran, Two Months After It Was Seized|url=https://www.nytimes.com/2019/09/27/world/middleeast/iran-uk-oil-tanker-stena-impero.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=27 септември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
;Сегашна ситуација
Настаните ескалирале на крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, почнувајќи со ракетен напад на воздухопловна воена база во територијата на [[Ирак]], сместена во близина на градот [[Киркук]], каде се сместени ирачки и американски војници. Во нападот од 27 декември загинал еден цивил кој работел по договор за вооружените сили на САД, а четворица припадници на американските и двајца на ирачките сили биле повредени. САД за одговорна за нападот ја осудиле паравоената група Катаиб Хезболах, дел од т.н. [[Сили на народната мобилизација]]. Како резултат на нападот на воената база, на 29 декември САД извршила воздушни напади на пет локации на Катаиб Хезболах, наводно убивајќи најмалку 25 нејзини припадници и повредувајќи повеќе од 55.<ref>{{нмс|title=American Airstrikes Rally Iraqis Against U.S.|url=https://www.nytimes.com/2019/12/30/world/middleeast/iraq-airstrikes-us-iran-militias.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=30 декември 2019|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
По погребот на загинатите припадници на групата Катаиб Хезболах, присутната толпа се упатила кон амбасадата на САД во Багдад и ја нападнала зградата, веејќи знамиња на групата, извикувајќи „Смрт за Америка, смрт за Израел“.
 
На 3 јануари во 1 часот по полноќ САД извршиле воздушен напад на конвој од возила во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, убивајќи ги иранскиот генерал [[Касем Сулејмани]], командирот на Катаиб Хезболах [[Абу Махди ал-Мухандис]] и осум други припадницинивни приврзаници.<ref>{{нмс|title=Iran's Soleimani and Iraq's Muhandis killed in air strike: militia spokesman|url=https://www.reuters.com/article/us-iraq-security-blast-soleimani/irans-soleimani-and-iraqs-muhandis-killed-in-air-strike-militia-spokesman-idUSKBN1Z201C|work=[[Ројтерс]]|date=3 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref> Американскиот напад предизвикал уште поголем гнев, целосно повлекување на иранскитеИран безбедносниод силинуклеарниот договор на 5 јануари и протерување на сите странски војници од иранска територија.<ref>{{нмс|title=Iran abandons nuclear deal over Soleimani killing|url=https://www.euronews.com/2020/01/05/crowds-greet-soleimani-s-body-as-trump-threatens-to-attack-52-iranian-sites|work=Euronews|date=6 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref><ref>{{нмс|title=Iraqi Parliament Passes Resolution to End Foreign Troop Presence|url=https://www.nytimes.com/reuters/2020/01/05/world/middleeast/05reuters-iraq-security-parliament-resolution.html|work=[[Њујорк Тајмс]]|date=5 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
Во одмазда на генералот Сулејмани и останатите убиени во американскиот напад, Иран возвратила со свој воздушен напад именуван [[Операција „Маченикот Сулејмани“]]. Иранската револуционерна гарда, на која припаѓал и Сулејмани, на 8 јануари лансирала 22 ракети на две воени бази во [[Ирак]], предизвикувајќи редок директен судир меѓу Иран и САД и настан кој бил разбран во светот како најава за војна меѓу двете земји. Во иранскиот напад немало жртви, а администрацијата на Трамп ги смирила тензиите со исклучување на воена опција, но најавувајќи нови санкции.<ref>{{нмс|title=U.S. officials knew Iranian missiles were coming hours in advance|url=https://www.washingtonpost.com/national-security/us-officials-knew-iranian-missiles-were-coming-hours-in-advance/2020/01/08/b6297b4c-3235-11ea-a053-dc6d944ba776_story.html|work=The Washington Post|date=8 јануари 2020|accessdate=8 јануари 2020}}</ref>
 
== Наводи ==