Протекционизам: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување |
|||
Ред 2:
==Надворешнотрговски протекционизам==
Политиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува ''
Земјите кои спроведуваат протекционистички мерки наведуваат различни оправданија за своите постапки. Овие аргументи може да се поделат на две групи: економски оправдани и економски неоправдани аргументи.
* Како економски оправдани аргументи се сметаат царините за заштита на младите индустрии и царините за намалување на [[невработеност]]а. Во првиот случај, земјите воведуваат царини за заштита на некои индустрии кои штотуку почнале да се развиваат во земјата. Бидејќи се наоѓа во почетната фаза од развојот, во овој случај, домашната [[индустрија]] не може да се натпреварува (да им [[Конкуренција|конкурира]]) со странските индустрии. Со други зборови, домашните производители се соочуваат со повисоки [[трошоци]] од странските фирми, т.е. домашните производи имаат повисоки [[Цена (економија)|цени]] од увозните. Оттука, со царинската заштита им се овозможува на домашните индустрии да се развијат до нивото кое ќе им овозможи да им конкурираат на странските фирми. Ова значи дека заштитата на младите домашни индустрии треба да биде привремена, т.е. до моментот кога тие ќе станат развиени и ефикасни. Во вториот случај, кога домашната економија се наоѓа во [[рецесија]], земјата може привремено да ги зголеми царините со цел да ги заштити домашните фирми и така да го спречи зголемувањето на невработеноста. Сепак, и овде, царинската заштита има оправдание само ако е привремена, т.е. кога економијата ќе излезе од рецесијата, царините треба да се вратат на претходното ниво.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 466-467.</ref>
* Економски неоправдани аргументи за протекционизмот се: царините кои се резултат на лобирањето од моќните бизнис-групи, царините насочени против [[конкуренција]]та од поевтиниот странски труд, царините како реципрочна мерка (одмазда) против други земји итн. Често, царините се резултат на лобирањето на моќните бизнисмени кои така си ги бранат своите лични интереси, т.е. го штитат својот бизнис под маската дека го бранат националниот интерес. Исто така, и самите [[политичар]]и често застапуваат [[Популизам|популистички]] политики на зголемување на царините, повторно со паролата дека ги бранат националните интереси, сакајќи да ги придобијат гласачите. Во развиените земји, чести се барањата за воведување царини на производите кои доаѓаат од земјите во кои се ниски [[Плати|платите]]. Во овој случај, најчесто оправдувањето е дека со царините домашната економија се брани од нелојалната конкуренција. Меѓутоа, вистинската причина е настојувањето на [[синдикат]]ите да ги заштитат интересите на своите работници. Најпосле, земјите воведуваат царини како одговор на царините што другите земји ги вовеле против нив.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 467-468.</ref>
|