Унгарски народни приказни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Емитување и синхронизација: проширување на статијата
Ред 1:
'''Унгарски народни приказни''' (унгарски: ''Magyar népmesék'') е унгарска цртана серија која започнала да се емитува во 1977 година. Автор и режисер е Марсел Јанковиќ, унгарски цртач и аниматор. Секоја епизода содржи делумно изменета приказна од унгарскиот народ. Авторската Креаторитеекипа (вклучувајќи го и Марсел) посебно внимание посветувалепосветувала на унгарските мотиви во епизодите.
 
== Емитување и синхронизација ==
Серијата има девет сезони, кои се создадени во подолг временски период. Првата сезона била продуцирана во Pannónia Film Studio, премиерно била прикажана во 1977 година и содржи 13 епизоди. Втората сезона била создадена во копродукција со унгарската национална телевизија, содржи исто така 13 епизоди, кои се емитувани во 1979 година. Со мала пауза, третата сезона се појавила во 1984 година, со ист број епизоди. Четвртата сезона својата премиера ја имала во 1989 година, а на местото на Јанковиќ, како режисер и сценарист на одредени епизоди се јавува Марија Хорват. Радио Телевизија Скопје откупува одреден број епизоди од првите неколку сезони на серијата, кои се прикажани под името „Унгарски народни приказни“, со синхронизација на легендарниот [[Борис Мајсторов]]. Серијата има одредена популарност во тој период и останала во сеќавање кај повеќе генерации, веројатно најмногу по одличната синхронизација и адаптација на македонски јазик.
Во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Македонија]] серијата беше премиерно прикажана во [[2008|2008 година]] на канал Минимакс на српски јазик. Синхронизацијата на првите осум сезони беше направена од Суперсоник студиото. Нема DVD изданија.
 
По падот на комунизмот во Унгарија не престанува интересот за оваа серија, па во 1995 година се емитувала петтата сезона, во која како сценарист и режисер се враќа Марсел Јанковиќ и заедно со Хорват се главниот авторски тандем. Биле создадени стандардните 13 епизоди. Шестата сезона се емитувала во 2002 година. Во авторската екипа се придружил Лајош Наѓ, како режисер. Со помал број епизоди од дотогашниот стандард, во 2007 година се појавила седмата сезона, каде Јанковиќ бил стручен соработник. Во 2009 година била прикажана осмата сезона, со само четири продуцирани епизоди. Последната, деветта сезона премиерно била прикажана во 2011 година, содржи 11 епизоди, со што вкупниот број епизоди се заокружил на 100. Во [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и [[Македонија]] серијата од [[2008|2008 година]] се емитува на детскиот регионален канал Минимакс, каде синхронизацијата е на српски јазик.
 
== Надворешни врски ==