Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 140:
 
==== Државата ====
Петар ја распуштил Думата и создал Сенат од 9 членови, кој имал апсолутна власт во времето кога царот бил отсутен и чии одлуки не можеле да се спроведуваат, доколку не биле едногласно донесени. Тој основал и министерски колегиуми, кои биле подредени во однос на Сенатот, а вовел и централизирана државна административна поделба на 8 губернии. Губерниите биле поделени на провинции, окрузи исрезовии срезови. Исто така била создадена и полиција, со која раководела тајната царска канцеларија.
 
==== Благородништвото и црквата ====
[[Податотека:Peter the Great Interrogating the Tsarevich Alexei Petrovich.jpg|мини|десно|''Петар I го испрашува својот син Алексеј'', [[Николај Ге]] (1871)]]
Главна обврска на благородништвото во Русија во 17 век била воената служба. Меѓутоа, Петар оваа обврска ја наметнал со одлучност, која претходно не постоела, вклучувајќи ја и обврската да се служи во управата. Од друга страна, на иницијатива на својот советник Салтиков, Петар на благороднуиштвотоблагородништвото му ги дал титулите на сите чиновници. Со указот од 1722, Петар објавил нов закон за повластици, познат како [[табела на ранговите]], со што се создале чинови според степенот на достоинство на благороништвото сразмерно со хиерархиската функција. До тогаш, повластиците се стекнувале наследно. Сакајќи на болјарите да им ги одземе високите позиции, Петар наредил повластицата да биде под директно влијание на царот<ref name="3.1"/>. Табелата на рангови постоела сѐ до пропаѓањето на Руското царство (1917). Последиците од овие реформи биле многу значајни. Бројот на припадници на благородништвото значајно се зголемил. Сите стари членови на благородништвото биле обврзани да стекнат минималнио потребно знаење за да можат да станат офицери и функционери. Тие морале да посетуваат стручни училишта, училишта за математички науки, поморска академија, инженерско училиште и училиште за артилерија. Чиновите воведени во 1722, потполно ги изразувале разликите меѓу благородништвото по род и благородништвото по служба. Од друга страна, Петар направил големи отстапки на општествен план и на благородниците им ја предал целата локална управа. Тие не само што ќе бидат должни за регрутирање на нови војници, туку ќе станат и полиција и судии на правдата<ref name="3.1"/>.
 
Петар извршил реформи и во православната црква. Власта во црквата до тогаш била во рацете на московскиот патријарх. Во 1700, по смртта на патријархот Адријан, неговото место останало празно, а Петар одбил да именува заменик кој би ја презел целата должност на патријархот<ref name="3.1"/>. Во 1721, Петар целосно ја укинал патријаршијата, а црковната управа била пренесена на [[Свет синод|Светиот синод]], совет составен од 10 свештеници, над кои се наоѓало световно лице, кое ја преземало должноста на патријарх, а бил во директна надлежност од страна на царот. Со оваа реформа на црквата, таа била целосно потчинета на царот<ref name="3.1"/>.