Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 81:
Ова не биле единствените промени, кои ги вовел во руското општество. Веројатно поучен од своето искуство, Петар сметал дека договорените бракови се варварски обичај<ref>-{Basil Dmytryshyn, Modernization of Russia Under Peter I and Catherine II (Wiley, 1974) p.21}-</ref> и треба да се забранат, против волјата на идните сопружници и прогласил, задолжително идните сопружници да бидат верени најмалку шест седмици, време во кое би можеле слободно да се гледаат и подобро да се запознаат<ref name="HyV"/>. Исто така им наредил на своите дворјани да приредуваат забави според европски обичаи, а жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш<ref name="2.1"/>.
 
Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрдистандарди. На благородништвото му наредил задолжителна служба на државата, како во администрацијата, така и во војската, а воената хиерархија ја уредил така што унапредувањето било вршено според заслугите, а не потеклото. Така, секој којшто имал големи заслуги бил унапредуван, а можел да достигне и високи воени чинови<ref name="HyV"/>. Тој, исто така вовел и задолжителна воена служба, со што создал војска од 300.000 постојани војници, морнарица и резервисти.
 
За да може да издржува толку бројна војска, тој морал да изврши промени и во земјоделството и индустријата. Изградил и отворил многу нови фабрики, бродоградилишта и работилници, кои имале привилегии и државни субвенции. Петар создал економски ситемсистем, во кој сѐ му било подредено на владетелот. Царот имал монопол над основните производи, како што биле катранот, кожата и свилата од Сибир<ref name="HyV"/>. Работната сила била обезбедувана, така што на трговците и сопствениците на фабрики и рудници им било дозволено да купуваат цели села, со сите нивни жители, кои морале да работат на имотот на господарот.
 
Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот<ref name="HyV"/>.