Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Luna988 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 75:
=== Првите реформи ===
[[Податотека:Peter_de_Grote.jpg|мини|лево|200п|Петар Велики, портрет ([[Жан Марк Натие]], [[1717]])]]
Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се пресметал со побунетите. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир<ref name="HyV"/>. Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија<ref name="HyV"/>, која била доживотно затворена во манастир. Тој исто така го завршил својот 17-години неуспешен брак. Ја натерал Евдокија да се откаже од бракот и да отиде во манастир.<ref name="HyV"/> Таа на Петар му родила 3 сина, а само еден, Алексеј преживеал, кој на 8 години бил одвоен од својата мајка. Односите меѓу таткото и синот биле сѐ полоши. Алексеј одбивал секоја послушност кон царот, а Петар скоро секој ден го тепал<ref name="HyV"/>.
 
Петровата посета на Западна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода<ref name="HyV"/>. Ова наредба не важела само за свештениците, обработувачите на земја и кочијашите<ref name="2.1"/>. На болјарите им наредил да ги скратат своите долги ракави и кафтаните (традиционална московска долна облека). На еден прием, кој го приредил по враќањето од странство, со ножички им ја сечел брадата на благородниците, без оглед на тоа што во Русија носењето на брада имало и верско значење и што црквата забранувала бричење на брадата<ref name="2.1"/>.