Interpret Europe: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создавање на нова страница
(нема разлика)

Преработка од 11:07, 30 декември 2019

“Interpret Europe – European Association for Heritage Interpretation” (Интерпретирај ја Европа – европска асоцијација за интепретирање на наследството) е меѓународна непрофитна организација, чијашто цел е да им помага на своите членки и на сите оние коишто го користат личното искуство, за да откријат подлабоко значење на природното и културното наследство.

ie-logo-landscape.png
ТипМеѓународна асоцијација
Основана2010 (2010)
Опслужувано подрачјеЕвропа
ЗадршкаТолкување на наследството
Членови598 во 48 држави (2017)
Мреж. местоinterpret-europe.net
interpreteuropeconference.net

Интерпретирај ја Европа поттикнува дијалог и партнерство помеѓу здруженијата и универзитетите, организациите и стручните лица што делуваат на полето на наследството од 42 земји.

Историјат

Интерпретирањето на наследството е развиено во националните паркови на САД, во текот на првата половина на 20. век, и е првично дефинирано од страна на Фриман Тилден во 1957 година. Првата национална асоцијација во Европа е Society for the Interpretation of Britain’s Heritage (Друштво за интерпретирање на наследството на Британија), востановено во 1975 година. Интерпретирај ја Европа на почетокот беше развиена како отворена мрежа во 2000 година, додека асоцијацијата беше формално востановена во 2010 година.

Организација

Интерпретирај ја Европа делува на принцип на два потопорни столбови, со Извршен одбор на директори и Надзорен комитет. Одборот на директори раководи со организацијата и се состои од најмалку двајца членови. Секој од нив е овластен да делува како правен застапник. Одборот на директори е назаначуван од страна на Надзорниот комитет, којшто се состои од девет членови. Надзорниот комитет се избира од страна на Генералното собрание, коешто мора да ги одобри активностите, како на Одборот на директори, така и на Надзорниот комитет.

Цели

Интерпретирај ја Европа поттикнува истажувања и практики на полето на интерпретирање на наследството. Интерпретирање на наследството е неформален пристап кон учењето, којшто ги охрабрува луѓето да трагаат по значења што им ги нудат природното или културното наследство, преку лично искусување на локалитети, предели, предмети или настани. Тоа е пристап распространет низ целиот свет, којшто се применува претежно во заштитените предели, на споменичните места, во музеите или во зоолошките и ботаничките градини.

Интерпретирај ја Европа сѐ промовира себе сѝ како Европска платформа за соработка и размена помеѓу овие институции, како и со универзитетите коишто го имаат интерпретирањето на наследството како наставен премдет.

Активности

Интерпретирај ја Европа одржува конференции, зема учество во меѓународни проекти и организира обуки. Конференциите обично се состојат од најмногу 100 презентации, работилници и студиски посети, при што повеќето од учесниците имаат активен придонес во некои од нив. Конференции на Интерпретирај ја Европа досега се одржани во Германија (2011), Италија (2012), Шведска (2013), Хрватска (2014) и Полска (2015). Конфернцијата на Интерпретирај ја Европа во Белгија во 2016 година беше посветена на темата „Интерпретирање на наследството – за иднината на Европа“ и на неа беше расправано за тоа како искуството од посета на историски места придонесува кон проширување на сознанијата поврзани со човековите права, граѓансикот активизам и мирот.

Меѓународните проекти се насочени кон различни теми и прашања, вклучително и развојот на европски критериуми за квалитет (проектот LEADER “Transinterpret”, проектот Leonardo “TOPAS”), развивање на понуди за курсеви на обука (проектот Leonardo “HeriQ), работа со специфични групи на посетители (проектот Grundtvig “HISA”), како и делување на полето на пристапи кон учењето базирани на компетитивност (проектот Leonardo “IOEH”, проектот “InHerit”, проектот Erasmus + “HIMIS”).

Обуките се орагнизираат на различни јазици и, во моментов, во фокусот се сертифицирани курсеви за интерпретивни водичи, интерпретивни домаќини и писатели на интерпретивни текстови во објекти и локалитети поврзани со посетители, како што се паркови или музеи.

Соработка

Итерпретирај ја Европа е дел од глобална алијанса, имајќи предвид дека остварува тесна соработка со Националната асоцијација за интерпретација (САД), Интерпретирање Канада, Интерпретирање Австралија и други мрежи и иницијативи. Во Европа, во тек се заеднички проекти со Association for Heritage Interpretation – Асоцијација за интерпретирање на наследството (Обединето кралство), Sdruženī pro interpretaci místního dědictví (Чешка република) и со Да ја интерпретираме Хрватска (Хрватска). Интерпретирај ја Европа исто така остварува размена со Asociación para la Interpretación del Patrimonio (Шпанија) и Associação de Interpretação do Património Natural e Cultural (Португалија). Интерпретирај ја Европа дава поддршка и во развојот на други национални асоцијации во Европа.