Понуда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Останати поими: дополнување
Ред 7:
==Останати поими==
Производите кои имаат заедничко потекло, односно кои не можат да се произведат одделно се нарекуваат ''заеднички производи'' (''joint products''), а нивната понуда - ''заедничка понуда'' (''joint supply''). На пример, [[месо]]то и [[кожа]]та или [[пченица]]та и [[слама]]та се заеднички производи зашто се произведуваат во истиот процес на [[Производство|производство]]. Притоа, во нивното производство се употребуваат истите [[фактори на производството]] (машини, работници) и поради тоа тешко може да се разграничи кој дел од вкупните [[трошоци]] на производството се прави за едниот или за другиот производ. Единствено, ако може да се менуваат пропорциите меѓу едниот и другиот производ, тогаш може да се утврдат трошоците кои се прават за едниот или за другиот производ.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 204-206.</ref>
 
Често, различни производи ја задоволуваат истата [[побарувачка]]. На пример, побарувачката на [[месо]] може да биде задоволена со телешко, со свинско или со јагнешко месо. Поради тоа, понудите на одделните видови месо, кои задоволуваат иста побарувачка, меѓу себе се јавуваат како ривали или конкуренти (''rival, competitive supplies''). Меѓутоа, во однос на побарувачката, овие одделни понуди настапуваат како ''композитна'' или ''[[агрегатна понуда]]'' (''composite, aggregate supply''), зашто сите заедно ја задоволуваат вкупната побарувачка. Поради тоа, во одредени случаи, ако факторите кои влијаат врз нивното производство се речиси еднакви, ваквите производи може да се третираат како еден производ, т.е. нивните поединечни понуди може да се сметаат за заедничка понуда.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 206-207.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Понуда