Цена (економија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Пазарна цена: дополнување
Ред 2:
 
==Пазарна цена==
На кус рок, рамнотежата на [[пазар]]от се воспоставува при цената по која [[побарувачка]]та на производот е еднаква на [[понуда]]та. Притоа, рамнотежна цена е онаа по која купувачите сакаат да го купат количеството кое го нудат продавачите по таа цена. На пример, ако продавачите се подготвени да продадат 1 000 [[килограм]]и [[пченка]] по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 600 кг по цена од 35, а купувачите сакаат да купат 600 кг по цена од 37, 700 кг по цена од 36 и 900 кг по цена од 35, тогаш желбите на купувачите и на продавачите ќе се усогласат по цена од 36, кога ќе бидат продадени (купени) 700 кг пченка. Оваа пазарна рамнотежа може да се нарече привремена, зашто зависи само од постојните улови на пазарот, т.е. од тековната [[побарувачка]] и од тековната [[понуда]] (залихата што ја поседуваат продавачите).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 148-150.</ref> Но, на долг рок, понудата на производот зависи од [[трошоци]]те за неговото производство, а тие се определени од цените на [[фактори на производството|факторите на производството]].<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 153-164.</ref> На тој начин, [[Алфред Маршал]] зборува за ''пазарна цена'' (''market price'') и ''нормална цена'' (''normal price'') при што првата зависи претежно од побарувачката, а втората од понудата. Имено, во некои случаи, кога понудата на производот е фиксна, цената зависи од побарувачката. Од друга страна, за производите кај кои важи [[Закон за константни приноси|законот за константни приноси]], т.е. чија цена е константна при различен обем на [[производство]]то, цената е определена претежно од понудата. Оттука, општо правило е дека, на кус рок, пазарната цена зависи претежно од побарувачката, а на долг рок, вредноста на производот зависи од понудата (трошоците на производството).<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 164-166.</ref> На тој начин, кога се зборува за цената, постојат четири можни состојби:<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 194-195.</ref>
* ''пазарна цена'' - цената која е определена од побарувачката, зашто во овој случај понудата го претставува количеството што е расположливо на залиха во даден момент,
* ''нормална цена на кус рок'' - цената која претежно е определена од побарувачката при што понудата го претставува количеството што може да се произведе со расположливите фактори на производството (постојните машини, опрема, работници итн.),
* ''нормална цена на долг рок'' - цената која е определена од трошоците на производството и каде што понудата се приспособува преку промена на сите фактори на производството,
* ''секуларни промени на нормалната цена'' - кога цената се менува бавно на многу долг рок, под дејство на промените во населението, [[технологија]]та, знаењето, [[капитал]]от, понудата и побарувачката.
 
==Функции на цената==