Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
Девизниот курс претставува цена по која една валута се разменува за друга или искажаната вредност на една валута со цел за конверзија со и во однос на други валути.<ref>[http://economics.about.com/cs/ Economics]</ref> Кај флуктуирачки девизен курс, тоа е тековниот пазарно ориентиран однос на една валута во однос на друга, додека фиксниот девизен курс е врзан за некој објективен стандард - за [[злато]]то или за вредноста на некоја странска единица.
 
=== Начин на искажување на девизниот курс ===
Вообичаениот начин на искажување на девизниот курс (''котација'' на девизните курсеви), кој покажува колку домашни единици се потребни за да се купи една странска валута е познат како европски начин. Постои и британски начин на искажување на девизниот курс, кој го покажува бројот на странски парични единици за една домашна.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 473.</ref>