Меѓународна трговија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 16:
 
==Ограничување на меѓународната трговија==
Политиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува ''протекционизам''. Протекционизмот вклучува две групи мерки: [[Царина|царини]] и [[Нецарински ограничувања|нецарински ограничувања]]. Царините претставуваат еден вид [[данок]] на увозните производи. Царината ја зголемува [[Цена (економија)|цената]] на увозниот производ и така ја намалува неговата (ценовна) конкурентност во споредба со домашните производи. Нецаринските ограничувања се појавуваат во разни форми, како што се: увозни и извозни [[Квота (економија)|квоти]] со кои се ограничува максималното количество на увозот или извозот на некој производ; дозволи за увоз и извоз, т.е. посебни одобренија за да може да увезе или извезе некој производ; извозни [[Субвенционирање|субвенции]] со кои на извозниците им се надоместува разликата меѓу производната цена (трошоците на производството) и цената по која ги извезуваат производите; здравствени, санитарни, технички и еколошки стандарди кои мора да ги исполнуваат увозните производи за да може да се продаваат на домашниот [[пазар]]. Во екстремни случаи, протекционизмот се манифестира во вид на трговско ембарго или трговска војна, кога целосно се забранува извозот во некои земји или увозот од нив.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 461-462.</ref>
 
Земјите кои спроведуваат протекционистички мерки наведуваат различни оправданија за своите постапки. Овие аргументи може да се поделат на две групи: економски оправдани и економски неоправдани аргументи.