Меѓународна трговија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
дополнување
Ред 14:
* [[Девизен курс|девизниот курс]] и [[Надворешнотрговска политика|надворешно-трговските политики]] на земјите што тргуваат
* [[транспорт]]ните трошоци.
 
==Ограничување на меѓународната трговија==
Политиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува ''протекционизам''. Протекционизмот вклучува две групи мерки: [[Царина|царини]] и [[Нецарински ограничувања|нецарински ограничувања]]. Царините претставуваат еден вид [[данок]] на увозните производи. Царината ја зголемува [[Цена (економија)|цената]] на увозниот производ и така ја намалува неговата (ценовна) конкурентност во споредба со домашните производи. Нецаринските ограничувања се појавуваат во разни форми, како што се: увозни и извозни [[Квота|квоти]] со кои се ограничува максималното количество на увозот или извозот на некој производ; дозволи за увоз и извоз, т.е. посебни одобренија за да може да увезе или извезе некој производ; извозни [[Субвенционирање|субвенции]] со кои на извозниците им се надоместува разликата меѓу производната цена (трошоците на производството) и цената по која ги извезуваат производите; здравствени, санитарни, технички и еколошки стандарди кои мора да ги исполнуваат увозните производи за да може да се продаваат на домашниот [[пазар]]. Во екстремни случаи, протекционизмот се манифестира во вид на трговско ембарго или трговска војна, кога целосно се забранува извозот во некои земји или увозот од нив.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 461-462.</ref>
 
Земјите кои спроведуваат протекционистички мерки наведуваат различни оправданија за своите постапки. Овие аргументи може да се поделат на две групи: економски оправдани и економски неоправдани аргументи.
* Како економски оправдани аргументи се сметаат царините за заштита на младите инсустрии и царините за намалување на [[невработеност]]а. Во првиот случај, земјите воведуваат царини за заштита на некои индустрии кои штотуку почнале да се развиваат во земјата. Бидејќи се наоѓа во почетната фаза од развојот, во овој случај, домашната [[индустрија]] не може да се натпреварува (да им конкурира) со странските индустрии. Со други зборови, домашните производители се соочуваат со повисоки [[трошоци]] од странските фирми, т.е. домашните производи имаат повисоки цени од увозните. Оттука, со царинската заштита им се овозможува на домашните индустрии да се развијат до нивото кое ќе им овозможи да им конкурираат на странските фирми. Ова значи дека заштитата на младите домашни индустрии треба да биде привремена, т.е. до моментот кога тие ќе станат развиени и ефикасни. Во вториот случај, кога домашната економија се наоѓа во [[рецесија]], земјата може привремено да ги зголеми царините со цел да ги заштити домашните фирми и така да го спречи зголемувањето на невработеноста. Сепак, и овде, царинската заштита има оправдание само ако е привремена, т.е. кога економијата ќе излезе од рецесијата, царините треба да се вратат на претходното ниво.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 466-467.</ref>
* Економски неоправдани аргументи за протекционизмот се: царините кои се резултат на лобирањето од моќните бизнис-групи, царините насочени против [[конкуренција]]та од поевтиниот странски труд, царините како реципрочна мерка (одмазда) против други земји итн. Често, царините се резултат на лобирањето на моќните бизнисмени кои така си ги бранат своите лични интереси, т.е. го штитат својот биннис под маската дека го бранат националниот интерес. Исто така, и самите [[политичар]]и често застапуваат [[Популизам|популистички]] политики на зголемување на царините, повторно со паролата дека ги бранат националните интереси, сакајќи да ги придобијат гласачите. Во развиените земји, чести се барањата за воведување царини на производите кои доаѓаат од земјите во кои се ниски [[Плати|платите]]. Во овој случај, најчесто оправдувањето е дека со царините домашната економија се брани од нелојалната конкуренција. Меѓутоа, вистинската причина е настојувањето на [[синдикат]]ите да ги заштитат интересите на своите работници. Најпосле, земјите воведуваат царини како одговор на царините што другите земји ги вовеле против нив.<ref>Таки Фити, ''Економија''. Скопје: Економски факултет – Скопје, 2006, стр. 467-468.</ref>
 
== Наводи ==