Разлика помеѓу преработките на „Александар Турунџев“

с
нема опис на уредувањето
(→‎Смрт: дополнување)
с
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.
 
Кон крајот на [[1904]] година, во селото [[Ајтос (село)|Ајтос]], Леринско, бил предаден од шпионот [[Митре Гинков]] за 150 жолтици.<ref>[http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E7C9AAC8FB5DE140B9C989041B84DBF3 Биографија објавена во Дневник]</ref> Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во [[Битола]] на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот [[Ат-пазар (Битола)|Ат-пазар]], на [[30 август]] [[1905]] година. Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од [[Саат-кула Битола|Саат-кулата]], крај [[Безистен (Битола)|Безистен]]от, реката [[Драгор]], па сè до [[Ат-пазар (Битола)|Ат-пазар]]. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиран. Кон поворката се приклучиле над 3000 битолчани. Збунетиот поп пред егезкуцијата го прашал: „Кои се твоите последни зборови?“ Тогаш Александар се поткачил на некаков кош, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: „Македонија ќе биде слободна!“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил.<ref>[http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E7C9AAC8FB5DE140B9C989041B84DBF3 Биографија објавена во Дневник]</ref>
Гробот на Турунџев се наоѓа на битолските гробишта ''Света Недела''.<ref>Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.</ref><ref>[http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce429/Tekst38.htm Македонско Сонце. Македонија ќе биде слободна!]</ref> Неговата [[смрт]] е опеана во народната песна „Црно му било пишано“.<ref>Петранка Костадинова, ''Македонски народни песни''. Mister Company, CD 027, 1999.</ref>