Горни Стубол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vlad5250 (разговор | придонеси)
с сеуште -> сѐ уште
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 37:
Од еден дел, од статистичките информации со кои располагаме може да се види во последните 50-ина години, динамиката во развојот на населението. Во првиот послевоен попис 1948 г. има 355 жители, а во оној од 1961 г. селото имало 390 жители. Таа година ќе биде своевидна “кулминација“ во развојот на населението на селото Горни Стубол. Во наредниот десет годишен меѓупописен период поради урбанизацијата и индустријализацијата на околните градски средини ќе почне миграцијата на младото работоспособно население во нив. Тоа нешто ќе се одрази и на природниот прираст кој ќе намалува. Така да во 1971 година селото Горни Стубол ќе има 66 жители помалку од 1961 година, односно ќе има вкупно 324 жители. Тенденцијата на негативен развој на населението ќе продолжи во наредниот меѓупописен период 1971/1981 г. Во овој период селото ќе се намали за 92 жители и ќе има 232 лица. Ваквата негативна динамика во развојот на населението, особено со непланскиот и неконтролиран развој на општинскиот центар Пробиштип ќе го остави селото во 1991 год. за помалку уште од 83 жители и веќе ќе има вкупно 149 претежно подостарени и стари лица. Од последниот попис на населението (2002 г.) гледаме дека се останати само 99 жители, во 44 домаќинства. Меѓутоа, сега 2012 г. десет години од претходниот попис на населението, судејќи во негативната тенденција на развојот на населението и, имајќи предвид, дека во селото нема никаков стопански или некаков друг објект кој би опсорбирал барем десетина вработени, повеќе од сигурно е дека во Горни Стобол останале, најверојатно околу 50-ина стари лица од кои не може да се очекува ни витална ни економска репродукција.
 
=== Родови ===
Инаку, иако селото е од групата новоформирани села како старо седелци се сметаат проширените фамилии на Рогушевци, Велковци, Илиевци, Малинковци, Вујновци, Чамушовци и Несторовци. На овие родови претците се доселени од Долни Стубол. Како доселеници се јавуваат Петриќевци (од соседното Секулица), Дембелци (од с.Кундино), Постоловци (од с.Гризилевци), Шоп Митревци (од Кривопаланечко).
Горни Стубол е македонско село.
 
Според истражувањата од 1970тите, родови во селото се:
 
* '''Доселеници:''' ''Рогушевци (3 к.), Велковци (4 к.), Циклевци (8 к.), Илиевци (4 к.), Малнковци-Дамјановци (8 к.), Вујновци (7 к.), Чамушовци (4 к.) и Несторовци (8 к.)'' сите овие родови се доселени од [[Долни Стубол]], и таму имале роднини; ''Петриќевци (8 к.)'' доселени се во 19ти век од селото [[Секулица]] кај [[Кратово]]; ''Дембелци (3 к.)'' доселени се од селото [[Кундино]]; ''Постоловци (6 к.)'' потекнуваат од домазет доселен од селото [[Гризилевци]]; ''Шоп-Митревци (3 к.)'' доселени се од некое село кај [[Крива Паланка]]; ''Шоп-Гане (1 к.)'' и они доселени од [[кривопаланечко]].<ref>{{Наведена книга|title=Злетовска област. Географско-историски осврт|last=Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев|first=|publisher=|year=1974|isbn=|location=Скопje|pages=}}</ref>
 
== Општествени институции ==