Разлика помеѓу преработките на „Плоштад „Гоце Делчев“ (Струмица)“

с
нема опис на уредувањето
с
с
 
| completed_date =
| opened_date =
| inauguration_date = [[10 декември]] [[2010]]
| renovation_date =
| demolition_date =
| references =
}}
'''Плоштадот „Гоце Делчев“''' e главниот [[плоштад]] во градот Струмица, југоисточна [[Македонија]] и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 [[квадратни метри]]. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|споменикот „Гоце Делчев“]], поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има и подземен дел со сообраќајница и паркинг за возила. Денес се користи за различни манифестации и настани, меѓу кои секоја година на него се одржуваат и [[Струмички карневал|Струмичкиот карневал]] и Струмица Опен Фестивал.
 
== Историја ==
 
=== Реконструкција ===
Во 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. ТојТогаш истиот бил поделен на две нивоа од кои првото е подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.
 
Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со [[гранит]] и добил неколку знаменитости. [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|Споменикот „Гоце Делчев“]] бил задржан, но биле направени промени така што подлогата добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил [[Саат кула (Струмица)|Саат-кула]] со три часовници и бронзена фигура „[[Струмичанка под маска (споменик)|Струмичанка под маска]]“ како симбол за [[Струмички карневал|Струмичкиот карневал]].
 
На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер [[Горан Пандев]], роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од [[Лига на шампиони во фудбал|Лигата на шампионите]] и [[Светско клупско првенство во фудбал|Светското клупско првенство]] во дресот на [[ФК Интер]].<ref>{{нмс|title=Од обичен до европски изглед - плоштад „Гоце Делчев“|url=http://www.strumicacity.com/2012/10/25/%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4/|work=www.strumicacity.com|date=25 октомври 2012|accessdate=2 јануари 2019}}</ref> Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.<ref>{{нмс|title=Откорната и украдена ѕвездата на Горан пандев од струмичкиот плоштад|url=https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/otkornata-i-ukradena-zvezdata-na-goran-pandev-od-strumichkiot-ploshtad/|work=www.strumicacity.com|date=1 ноември 2018|accessdate=2 јануари 2019}}</ref>