Висарион Дебарски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
сНема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 10:
}}
 
'''Висарион ДебарскиСлепченски''' се вбројува во најплодните и најзначајните книжевници од Македонија во [[XVI век]] . За животниот пат на Висарион, од неговите скромни записи го откриваме неговото родно поднебје - [[Дебарско]]. Тој во текот на целиот свој живот е активен книжевник, но премногу скромен во изнесувањето на неговите биографски податоци. Неговата книжевна активност е тесно поврзана со манастирот Св Јован Претеча во [[Слепче]]. Тука Висарион развива 25-годишна книжевна активност.
 
Првото негово датирано книжевно дело е пишувано оолу 1540 год., а последното 1565 год. Тој е активен книжевник кој не се задоволува само со препишување на веќе постојните ракописни книги, туку самиот врши избор на текстови, создавајќи ракописни зборници во кои преовладуваат текстови од филозофско-богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина. Во овој тип негови ракописи се: „Дионисиј Аеропагит“ (1542), „Посланието на [[Јован Дамаскин]] до Козма Мајумски“, „Богословски зборник“ (1540), „Поученија на [[Кирил Александриски]]“, „Златоуст“ (1548), „Четвороевангелие“([[1548]]), „Слепченски поменик“ (1548) и др. Во прологот за март-август 1554 год. е поместена најголемата збирка патерички раскази што досега е пронајдена од таков тип словенски ракописи. во ова значајно дело Висарион Слепченски ги вметнал расказите: „Отец Герасим и лавот“, „За картагенскиот војвода“, „Филозофот Евгариј и епископот Синесиј“, „За калуѓерот кој бил несправедливо обвинет за кражба“, „За жената која била убиена од својот свекор“, „Папа Григориј Римски“, „Павле Препростиот“... Висарион со овој свој пристап ја открива својата световна определба.