Мембрански транспорт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадено преведувајќи ја страницата „Мембрански транспорт
 
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
== Интрацелуларна и екстрацелуларна средина ==
Интрацелуларната средина е внатрешниот дел на [[Клетка|клетката]], односно просторот исполнет со [[цитоплазма]], [[органели]] и [[клеточно јадро]]. Екстрацелуларната средина е надворешната средина на клетката, со која таа е опкружена. Овие две средини се одделени со [[клеточна мембрана]]. Постојат значителни разлики во составот на овие две средини. Во екстрацелуларната средина, концентрацијата на јоните на [[натриум]], [[Хлор|хлорид]], [[калциум]], [[бикарбонат]] и концентрацијата на хранливите материи (на пример, [[Глукоза|гликоза]], [[масни киселини]], [[кислород]], итн) е повисока отколку во интрацелуларната средина, додека интрацелуларната концентрација на јоните на [[калиум]], [[Фосфорна киселина|фосфат]], [[магнезиум]] и на [[Белковина|протеините]] е значително повисока отколку нивната екстрацелуларна концентрација. Овие разлики се важни за опстанокот на клетката и за одвивањето на физиолошките процеси, како што се мировниот и [[Акциски потенцијал|акцискиот потенцијал]]. Концентрациите на некои физиолошки супстанци се претставени во табелата:
{| {{table}}
|'''Супстанца'''
|'''Екстрацелуларна средина'''
|'''Интрацелуларна средина'''
Ред 84:
* протеински канали, ако супстанцата е поларна (хидросолубилна).
 
Поларните супстанци и супстанците кои се растворливи во вода, дифундираат со помош на '''протеински канали'''. Најважна е дифузијата на водата низ овие канали, која се случува со голема брзина. Многу од овие канали имаат т.н. „порти“, кои може да се наоѓаат во отворена или затворена состојба, и на тој начин да го контролираат протокот низ нив. Повеќето од каналите се специјализирани за пренос на само еден тип на јони, на пример, низ [[Натриумски канал|натриумските канали]] поминуваат само натриумови јони, а низ [[Калиумски канал|калиумските канали]] поминуваат само калиумови јони.
 
Отворањето и затворањето на „портите“ на каналите може да биде контролирано на два начина:
 
* '''Волтажна контрола'''
 
Волтажната контрола се среќава кај [[Натриумски канал|натриумските канали]], кај кои отворањето или затворањето на двете порти на каналот зависи од промената на вредноста на [[Мембрански потенцијал|мембранскиот потенцијал]].
 
* '''Хемиска контрола'''
 
Кај некои протеински канали отворената и затворената состојба на нивните порти е посредувана од врзувањето на специфични хемиски медијатори. На овој начин функционираат [[Невротрансмитер|невротрансмитерите]], на пример [[Ацетилхолин|ацетилхолинот]].
Ред 99:
Кај олеснетата дифузија молекулите треба да се врзат за протеински носачи, кои, со промена на својата конформација, ги пренесуваат на другата страна од мембраната. Овој вид на транспорт е пасивен (спонтан) и за негово одвивање не е потребно трошење на енергија.
 
Брзината на олеснетата дифузија зависи од количеството на супстанцата која се транспортира, но и од бројот на транспортните протеини. Кога сите носачи се заситуваат, брзината на олеснета дифузија го достигнува својот максимум, за разлика од простата дифузија која може неограничено да расте.
 
Типичен пример за супстанца која поминува низ мембраната по пат на олеснета дифузија е глукозата. Хормонот [[инсулин]] делува на тој начин што го зголемува бројот на транспортни протеини за глукоза во клеточната мембрана, забрзувајќи ја, на тој начин, ресорпцијата на глукозата.
Ред 107:
 
=== Активен транспорт ===
Понекогаш е потребно да се транспортираат супстанци спротивно на нивниот концентрационенконцентрациски или електрохемиски градиент, односно од местото на ниска концентрација кон местото на повисока концентрација. Јасно е дека ваков процес никогаш не би се одвивал спонтано и за него е потребна потрошувачка на енергија. Најчест извор на енергија во клетките е [[Хидролиза|хидролизата]] на [[Аденозин трифосфат|ATP]].
 
==== Примарен активен транспорт ====
Ред 120:
 
* [[Натриум-калиумова пумпа|Натриум-калиумовата пумпа]] користи енергија од ATP за исфрлање (испумпување) на натриумови јони надвор од клетката и внесување на калиумови јони внатре во клетката, спротивно на нивниот концентрациски градиент.
* [[Калциумска пумпа|Калциумската пумпа]] користи енергија од ATP за исфрлање (испумпување) на калциумови јони надвор од клетката или за нивен транспорт од цитоплазмата во луменот на [[Ендоплазматичен ретикулум|ендоплазматичниот ретикулум]].
* [[Протонска пумпа|Протонските пумпи]] служат за активен транспорт на хидрониум јони (водородни јони, односно протони).
 
Ред 126:
Секундарниот активен транспорт не користи енергија од хидролиза на ATP. Кога со примарниот активен транспорт (на пример, натриум-калиумовата пумпа) се создава голема разлика во концентрацијата на јони од двете страни на мембраната, тогаш ваквиот енергетски потенцијал може да се искористи за транспорт на некоја друга супстанца. Секундарниот активен транспорт се дели на котранспорт и контратранспорт.
 
* '''Котранспорт'''
 
Во екстрацелуларниот простор концентрацијата на натриумовите јони е многу поголема одошто во интрацелуларниот простор поради работата на натриум-калиумовата пумпа. Овој енергетски потенцијал може да се искористи за да заедно со нив во внатрешноста на клетката се транспортира и некоја друга супстанца. На овој начин во внатрешноста на клетката се внесуваат глукозата и [[Аминокиселина|аминокиселините]] и покрај големиот концентрациски градиент. Овие системи се натриум-глукоза котранспортниот систем и натриумскиот транспортен систем за аминокиселини. Овие системи особено се застапени во клетките на цревата и бубрезите.
 
Други значајни котранспортни системи се натриум-калциумскиот котранспортен систем, натриум-водородниот котранспортен систем, калиум-хлоридниот котранспортен систем и натриумско-калиумски дихлориден котранспортен систем.
 
* '''Контратранспорт'''
 
Кај овој транспорт, тежнеењето на натриумовите јони да дифундираат внатре во клетката се користи за исфрлање на некоја супстанца надвор од клетката.
Ред 141:
== Литература ==
 
* John E. Hall (2015) Guyton and Hall Textbook of Medical Physiology , 13th Edition, W. B. Saunders Company. ISBN: 978-1455770052
[[Категорија:Клеточна биологија]]
[[Категорија:Физиологија]]