Мице Јанкуловски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Во 1968 година, кога имал само 14 години во додатокот „Колибри“ на весникот [[Нова Македонија]] се објавени неговите први илустрации, за кои го добил и својот прв авторски хонорар. Тоа било голем поттик за младиот Јанкуловски да продолжи интензивно да се занимава со цртање. Непосредно потоа, тој започнува со сликарството, на панели со маслена боја, и од тој период потекнуваат повеќе слики во жанровите мртва природа и пејзажи, со наслови кои го откриваат мотивот: „Куќата во Сливово“, „Куќата во Ѓорче Петров“, „Грне на фотелја“, „Чајник“, но не се зачувани.
 
==Ликовна уметност==
==Творештво==
 
===Форма 1 (1969-2016)===
Ред 35:
 
===Форма 3 (2011-денес)===
Почнувајќи од 2011 година, во најновите дела, сериите наречени „Форма 3”, тој работи само со црна боја која е нанесена на површината на платното во дебел слој, притоа користејќи посебни алатки за да направи геометриски форми, линии или различни растери на неговата површина. Неговата цел со ова е да создаде ефект кој реагира на промената на насоката на светлината, овозможувајќи му на набљудувачот различни искуства додека се движи пред делата. Мице Јанкуловски ја враќа аналогната релација кон уметноста со тоа што го покажува начинот на сликање кој се открива од страна на гледачот со одење околу просторот каде се изложени сликите. <ref>https://denesmagazin.mk/izlozhba-formi-vo-tsrno-na-mitse-jankulovski-vo-muzej-kukata-na-robevtsi-ohrid/?fbclid=IwAR32Lur-Loa2YePUEfOWxa50R8hXCTGueT1M-92hetTviDc2UWubb1_ycjk</ref>
 
===Сатирично сликарство и карикатура===
Од 1972 година, Јанкуловски редовно учествува на Светската галерија на карикатура со свои карикатури и сатирични цртежи. Во 1975 година тој ја има својата прва самостојна изложба во Дом на Младите „25 мај“ во Скопје, по препорака на ликовниот уметник [[Владимир Георгиевски]], кој е автор и на освртот за истата изложба. За оваа изложба на која Јанкуловски се претставува со серија сатирични цртежи, Георгиевски вели: „Очигледно талентиран, духовит со дарба на одлична перцепција, Јанкуловски го прескокнува периодот на младешка наивност и за кусо време создава сопствен стил, архитектонски прецизен, едноставен и разбирлив цртеж“. Во 2015 година во Галеријата Остен во Скопје е одржана самостојна изложба на која се претставени неговите сатирични слики изработени во техниката масло на стакло, создадени во текот на 1980-тите години.
 
===Групата КИКС===
Мице Јанкуловски е еден од најистакнатите членови на групата од втората генерација карикатуристи и сатиричари кои се дел од Групата „КИКС“, со бројни претставувања во земјата и странство , како и со редовна застапеност во подлистокот на весникот, но и посебни публикации во издание на НИО [[Студентски збор]].
 
===Омаж на Блаже Конески===
Мице Јанкуловски, на 19 декември 1990 година ги завршил 19-те портрети на великанот на македонската литература [[Блаже Конески]]. Оваа специјална серија го претставува ликот на Конески од еден до друг профил. Сликите се насликани со масло на стакло.
 
==Филмографија==
===Анимиран филм===
Јанкуловски се бавел и со цртан филм и во 1978 година дебитирал во [[Вардар филм]] со анимираниот филм „Повлечи – потегни“.<ref>https://www.imdb.com/title/tt0362037/</ref>
 
===Документарни филмови===
Во текот на две децении, помеѓу 1985 и 2005 година, Јанкуловски работел како автор и режисер на документарните серии за уметност и култура во продукција на [[Македонска радиотелевизија|МТВ]]: „Самоуки уметници од Македонија“ (серија од десет ТВ портрети на уметници), „Самоуки уметници во Југославија“ (серија од десет ТВ портрети на уметници, „Археологијата во Македонија“ (два документарни филма), „Форум на Филмска Младина“ (серија од дванаесет документарни филмови).
 
==Изложби и признанија==