Лионел Меси: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
→‎Сезона 2018-2019: дополнување
Ред 99:
 
На 13 јануари 2019 година, на натпреварот против „[[ФК Ејбар|Ејбар]]“, Меси постанал првиот фудбалер во историјата кој постигнал 400 гола во првата шпанска фудбалска лига. Притоа, овој рекорд Меси го остварил во својот 435. настап во дресот на „Барселона“, постигнувајќи неверојатен просек од 0,92 гола по натпревар.<ref>[https://www.goal.com/en/news/messi-makes-history-with-400th-la-liga-goal/1lbid7d6qygzb1nmc9t78mtmku Tom Storer, „Messi makes history with 400th La Liga goal“ (пристапено на 15.1.2019)]</ref> На 23 февруари 2019 година, на гостувањето кај „[[ФК Севилја|Севилја]]“, Меси го постигнал својот 50. хет-трик во кариерата, а третиот гол бил неговиот 650. гол во кариерата (585. гол за „Барселона“).<ref>[https://www.bbc.com/sport/football/47336146 BBC Sport (пристапено на 25.2.2019)]</ref> Во сезоната 2018-2019 Меси остварил неколку исклучителни подвизи: постигнал 51. гол во официјалните натпревари со што по шести пат во кариерата ја надминал границата од 50 голови во една сезона; со своите 36 гола во Ла Лига по шести пат во кариерата ја освоил наградата „Пичичи“ за најдобар стрелец во шпанското фудбалско првенство; исто така, по шести пат станал најдобар стрелец во Европа (трета сезона по ред); и го постигнал 600. гол во дресот на „Барселона“.<ref>[https://www.fcbarcelona.com/en/news/1226873/leo-messi-breaks-50-goals-mark-once-again Официјално мрежно место на ФК „Барселона“, „Leo Messi breaks 50 goals mark once again“ (посетена на 28.5.2019)]</ref>
 
====Сезона 2019-2020====
На 2 декември 2019 година, на церемонијата одржана во [[Милано]], Меси по шести пат ја освоил наградата „[[Златна топка]]“ за најдобар фудбалер на светот.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=ucQaPfjufIQ YouTube, Leo Messi, six-time Ballon d'Or winner (пристапено на 3.12.2019)]</ref>
 
== Репрезентативна кариера ==