Дидактика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bomac (разговор | придонеси)
Дополнување
Bomac (разговор | придонеси)
Ред 23:
Сите прашања кои произлегуваат во дидактиката (како на пример, кои се целите и задачите на наставата, од што се состои наставниот процес, каков вид на настава постои, како да се артикулира наставата, кои наставни средства да се употребат, итн.) се разгледуваат од аспект на основните дидактички принципи — принципите на наставата, а тие се:
 
* ''Принцип на научност во наставата'': водечки принцип, според кој учениците во текот на своето школување треба да усвојуваат само научно докажани знаења;
* ''Принцип на прилагоденост на наставата кон возраста (принцип на достапност)'': кажува дека обемот на знаење кој треба да се усвои од учениците мора грижливо да се одбере, водејќи притоа сметка за тоа колку учениците веќе знаат. Коменски во својата книга „Голема дидактика“ напоменува дека во наставата треба да се оди од полесно кон потешко, од познато кон непознато, од едноставно кон сложено, и од поблиско кон подалечно;
* ''Принцип на индивидуализација на наставниот процес'': се однесува на негово прилагодување кон секој ученик, водејќи сметка за неговите индивидуални способности, со што се цели кон развивање на позитивна [[мотивација]] за учење и ослободување на потенцијалните способности на секој ученик;
* ''Принцип на систематичност на наставата'': наставното градиво треба да биде поделено на логички поврзани целини;
* ''Принцип на свесна активност на ученикот'': се однесува на [[Училишна психологија|психолошката]] страна на наставата; според него, треба да се согледа на кој начин учениците ги усвојуваат знаењата, каков е нивниот однос кон наставата, колкав е степенот на нивната сопствена активност во процесот на учење, итн. Свесно и активно учење има само кога тој што учи ја осознае целта и значењето на тоа учење. Успешноста на примената на овој принцип зависи првенствено од местото и улогата на наставникот во воспитно-образовниот процес;
* ''Принцип на очигледност во наставата'': има за цел на учениците да им ја доближи стварноста, односно да им го олесни контактот со истата. Коменски вели дека на човековите сетила треба да им се овозможи соодветна дразба: „што е видливо - за сетилото за вид, што се слуша - за сетилото за слух, што се допира - за сетилото за допир. Ако повеќе сетила можат да регистрираат нешто истовремено, тогаш тоа треба да се изнесе пред нив одеднаш“;
* ''Принцип на поврзаност на теоријата со практиката'': во [[Природни науки|природните науки]] се согледува непосредна поврзаност меѓу теоријата и практиката, додека [[Општествени науки|општествените науки]] посредно влијаат првенствено на практиката. [[Работилница]], [[лабораторија]], [[екскурзија]] се начини на одржување настава во кои доаѓа до израз овој принцип;
* ''Принцип на трајност на знаењата, способностите, вештините и навиките'': така што истите ќе станат постојана духовна сопственост на ученикот.
 
== Наводи ==