Разлика помеѓу преработките на „Трахит“

Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
с
нема опис на уредувањето
с
'''Трахит''' — преодни вулкански карпи, кои по минералошки состав се еквивалентни на [[сиенит]]ите. Имаат порфирска структура и масивна до флуидална текстура. Како главни минерали се јавуваат ортоклас (фенокристали), биотит, хорнбленда и аугит. Основната маса е главно изградена од ситни стапчести кристали на ортоклас и пироксени. Бојата им е сива до темнозеленикава. Постојат повеќе вариетети од кои најзастапени се: албитски трахит, порфири, палеотрахити, кератофири<ref name="Гео">{{наведена книга |last= Јовановски |first= Милорад|coauthors= Наум Гапковски, Игор Пешевски |title=Инженерска геологија |publisher= Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Градежен факултет - Скопје |year= 2012|month= |isbn= 978-608-4510-13-0 }}.</ref>.
 
Трахитите се добро застапени кај вулканските карпи на [[Европа]] од [[Кенозоик]]от. Во Британија тие можат да се најдат на островот Скај, како [[лавинскилавини текови]] и дајк, но тие се многу почести на континентална Европа, како и во Рајнската област и [[Ајфел]] и [[Бохемија]]. Во околината на [[Рим]], [[Неапол]] и островот [[Искја]], трахитските лави и туфови се вообичаени. Исто така, на островот [[Пантелерија]] се среќаваат и трахити.
 
== Наводи ==