Голема повелба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Најбитното за Магна Карта
Ред 2:
Во [[јуни]] [[1215]] година кралот [[Јован Безземниот|Јован]] под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата ([[латински]]: ''Magna Carta Libertatum''). Со неа се ограничила моќта на [[монарх]]от, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. ''Magna Carta'' во буквален превод значи „Голема карта“. Оваа карта била пример за создавање на други подобри декларации. Оваа декларација е основа за [[Универзална декларација за човековите права|Универзалната декларација за човековите права]].
 
Магна Карта е еден од најпознатите документи во светот што значи “Големата повелба”, ги има инспирирано луѓето низ годините од Томас Џеферсон до Махатма Ганди. Но зошто повелбата е првично направена? И што всушност кажува?
{{право-никулец}}
 
Да се навратиме наназад во средновековна Англија, 1215 Година, владетел бил Крал Јован. Многу луѓе веруваат дека Кралот Јован е еден од најлошите кралеви во историјата. Тој ја затворил својата поранешна жена, ги прегладнувал своите противници до смрт, наводно го убил својот сопствен внук, и им ги скубел брадите на ирските водачи.
 
Кралот Јован имал наметнато големи даноци на своите барони за да може да наплати за неговите скапи странски војни. Ако тие одбивале да платат, тој ги казнувал сериозно или им го земал нивното земјиште. Бароните барале од Кралот Јован да го почитува законот и откако тој одбил тие го заробиле Лондон и Кралот Јован бил приморан да преговара.
 
Двете страни се сретнале во Рунимед на 15 Јуни, 1215 Година. Резултатот од преговарањата биле запишани од кралските службеници во документот што ние го знаеме како Магна Карта. Иако повеќето од членовите во повелбата се справувале со средновековните права и обичаи, Магна Карта станала моќен симбол на слободата околу светот.
 
Најпознатиот член, кој е сеуште дел од законот денеска, за прв пат им го дала на сите “слободни луѓе”  правото за правда и чесно судење.
 
Како и да е, овој член не бил толку слободен како што звучи. Членот се однесувал само за “слободни луѓе”, огромното мнозинство луѓе во 1215 биле неслободни селани кои биле управувани од своите земјопоседници.
 
И иако, Магна Карта била наменета да воспостави мир помеѓу Кралот Јован и неговите бунтовни барони, Англија била влезена во граѓанска војна откако Папата ја прогласила повелбата како невалидна.
 
Кога Кралот Јован починал од дизентерија во 1216 година, девет годишниот Хенри трети го земал престолот. Да го задржи мирот, Магна Карта била повторно издадена неколку пати за време на тринаесеттиот век, се додека конечно не станала дел од Англискиот закон.
 
Магна Карта постои 800 години, и се наоѓа во Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави и во Меѓународната декларација за човекови права, можеби најголемото наследство на Магна Карта е дека секој, вклучувајќи ги и нашите лидери, мора да го почитуваат законот.
 
Тоа што започнало како документ за одредени жалби од група на барони се претворило во меѓународен симбол на слободата, без кој можеби ќе ги немавме правата што ги цениме толку денеска.{{право-никулец}}
 
{{Нормативна контрола}}