Михаил Јурјевич Лермонтов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
Ред 19:
 
Иако Лермонтов се појавил како наследник на Пушкин, сепак разликите меѓу нив се очигледни како на поетски така и на [[Филозофија|философски]] план. За разлика од Пушкин, кој брзо раскрстил со романтизмот, Лермонтов цело време останал романтичар, бајроновец, иако во некои свои песни самиот се спротиставува на тоа. Сепак, до крајот на животот останал бунтовник, затворен во својот песизмизам, отфрлајќи го и презирајќи го светот. Во тој поглед, познатиот руски критичар Белински укажува на разликата меѓу оптимистичката душа на Пушкин и песимизмот на Лермонтов. Според него, Лермонтов е непоправлив песимист, кој дури и кога бара спокојство, бара спокој во бурата и тоа е основниот парадокс во неговата поезија. Исто така, и Херцен смета дека Лермонтов го носи „товарот на скептицизмот“ и дека “не само што не барал излез од него, туку не гледал можност ни за борба ни за помирување“.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје: Три, 2016, стр. 231.</ref>
 
==Влијание==
Во 1964 година, рускиот поет [[Евгениј Евтушенко]] ја напишал песната со наслов „Балада за Лермонтовата песна „Смртта на поетот“ и за шефот на жандармеријата“.<ref>Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 39-40.</ref>
 
== Наводи ==