Преспански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
сНема опис на уредувањето
Ред 55:
Противниците на договорот во Грција реагирале со низа протести. За време на дебатата за доверба на владата на [[Алексис Ципрас]] во грчкиот парламент, пратеникот на крајнодесничарската партија [[Златна Зора]], [[Константинос Барбариус]] побарал од грчката војска да ја испочитува дадената војничка заклетва за одбрана на државата и да ги уапси премиерот Ципрас, министерот за одбрана [[Панос Каменос]] и претседателот [[Прокопис Павлопулос]] што било сфатено како повик за воен пуч. По ваквото изјаснување на Барбариус, претседателот на партијата, [[Никос Михалољакос]] во согласност со неговата пратеничка група донел одлука да го отстрани Барбариус од партиската листа на Златна Зора, поради тоа што, како што рекол тој, „изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на Златна Зора“.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на Златна зора кој повика на воен пуч исфрлен од партијата|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29292009.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=15 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> По ваквата изјава на Барбариус, државното обвинителство издало наредба за негово апсење, но тој успеал да ѝ побегне на полицијата. Во бегство се упатил со автомобил марка „Волво“ за кој не се знае дали е во негова или во сопственост на грчкиот парламент. Тој возел со брзина од најмалку 180 км кога не застанал на знак на полициска патрола, а за малку ќе предизвикал и сообраќајна несреќа.<ref>{{нмс|title=Пратеникот на „Златна зора“ и побегнал на полицијата|url=https://novatv.mk/pratenikot-na-zlatna-zora-i-pobegnal-na-politsijata/|work=Нова ТВ|date=16 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
За време на потпишувањето на договорот, на патот што води од [[Преспа]] кон [[Лерин]], во близина на селото [[ПисодерПесодер]] кое е на триесетина километри од [[Нивици]], група на граѓани меѓу кои и грчки екстремни десничари протестирале против потпишувањето на договорот. Тие се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а на тоа полицијата константно реагирала со користење на солзавец за да се растере масата од демонстранти. Во самите инциденти имало осум повредени.<ref>{{нмс|title=Осуммина повредени во Нивици по судирот на демонстрантите и полицијата|url=https://republika.mk/928546|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref> Демонстрантите се обиделе и преку шумата да дојдат до местото на потпишување на договорот но таквиот обид бил спречен од грчката полиција. Самите протести траеле цели 4 часа.<ref>{{нмс|title=Преку шумата се обиделе да дојдат до шаторот кај Заев и Ципрас: Инцидентот во грчка Преспа траел цели 4 часа|url=https://republika.mk/928569|work=Република|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
== Референдум ==