Психоанализа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
 
==Критика на психоанализата==
Во својата критика на психоанализата, [[Карл Густав Јунг]] најпрвин ѝ оддава признание на Фројдовата теорија како прв обид во западната [[цивилизација]] за истражување на [[Психологија на личноста|психата]] оздола, од анималната сфера на [[Инстинкт|инстинктите]] при што оправданиот страв од метафизиката[[метафизика]]та го спречил Фројд да навлезе во сферата на „[[Окултизам|окултното]]“. Меѓутоа, според него, психоаналитичарите никогаш не успеале да стигнат подалеку од претпоставените траги на интраутерни искуства и во таа смисла, дури и славниот концепт на „траума на раѓањето“ тој го нарекува „очигледен [[туризам]] којшто повеќе не може ништо да објасне“. Според него, Фројдовата психоанализа била немоќна да се отплетка од [[секс]]уалните [[Фантазија|фантазии]] и сличните „непомирливи“ тенденции што ги предизвикуваат [[Афект|афектните]] состојби. Затоа, Фројдовата психоанализа не може да допре до ништо друго, освен до суштински негативното вреднување на несвесното.<ref>Karl Gustav Jung, „Psihološki komentar Tibetanske knjige mrtvih“, во: ''Tibetanska knjiga mrtvih – Posmrtna iskustva u Bardo Ravni (Sakupio i izdao V. J. Evans Venc)''. Beograd: Prosveta, 1988, стр. 141-158.</ref>
 
Во [[роман]]от „[[Надја]]“, [[Андре Бретон]] пишува дека ја цени психоанализата, но мисли дека нејзината цел е „да го натера човека да излезе од сопствената кожа“ и дека, „наспроти нејзините големи заслуги, таа не е во состојба да го исцрпи проблемот на [[сон]]от и дека предизвикува нови пропусти поаѓајќи од сопствените толкувања на пропустите“.<ref>Андре Бретон, ''Надја''. Скопје: Магор, 2009, стр. 25.</ref>
 
== Наводи ==