Мицко Крстевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Латово користејќи го HotCat
поврзница
Ред 27:
Пред [[Велигден]] [[1875]] година Мицко се вратил во своето село и дошло до случка која го сменила неговиот живот. Џемаил Ага, синот на бегот Мула Фазлија , на чиј имот Мицковиот татко Крсто работел, штом слушнал дека младиот самарџија дошол од [[Скопје]] го посетил Крсто и побарал подарок за себе.
 
Почитувајчи ја обврската на чифлигарот кон својот господар, Мицко заминувајќи од [[Скопје]] купил [[јатаган]], а неговиот татко го предал на турчинот. Џемаил Ага му наредил на Мицковиот татко да седне и потоа сакјќи да провери дали поклонот е добар со дршката од јатаганот го удрил пет пати но од силината на ударот тој се скршил.
 
Џемаил Ага сега за возврат побарал 20 златни лира, бидејќи подарокот не бил добар но Крсто немал толку, па му однел 5 златника кој ги чувал уште од неговиот татко, женска низа од 500 грошеви и 5 овци со јагњиња <ref name="KODJA" />. По оваа случка кај Мицко се појавила желба за одмазда но тој повторно се вратил во [[Скопје]] каде го чекал вистинскиот момент.