Вернер Зомбарт: Разлика помеѓу преработките

Додадени 1.767 бајти ,  пред 2 години
→‎Творештво: дополнување
[проверена преработка][проверена преработка]
(нова страница)
 
(→‎Творештво: дополнување)
 
==Творештво==
На почетокот, Зомбарт бил социјалист-[[Марксизам|марксист]] и до 1909 година бил активен во ширењето на марксистичките и социјалистичките иедеи во [[Германија]]. Во овој период, токму поради неговите радикални сфаќања, тој не можел да добие [[професор]]ско место на германските [[универзитет]]и. Во 1915 година, Зомбарт ја објавил книгата „Трговци и херои“ (''Händler und Helden: patriotische Besinnungen'') во која ја поддржувал „Германската војна“ на германската херојска [[култура]] против комерцијалната цивилизација на [[Англија]]. Притоа, тој изразува огромен презир кон комерцијалниот карактер на англиското население кое ги изгубило сите воинствени инстинкти. Според него, врховен принцип на англискиот [[морал]] е настојувањето да се продолжи благосостојбата на поединецот за време на неговиот живот на земјата кој тој го нарекува „најнеславната максима која воопшто била прогласена од комерцијалниот ум“. Според Зомбарт, пред 1914 година, сите германски идеали се наоѓале под смртна закана од постојаниот напредок на англиските комерцијални идеи, англискиот комфорт и англиската забава, а англискиот народ постанал морално расипан и почнал да ги заразува другите народи. Оттука, [[Првата светска војна]] им овозможил на [[Германци|Германците]] да се потсетат дека се народ на воини, народи чии активности, особено економските активности, им се подредени на воените цели. Зомбарт ја глорификува [[војна]]та, сметајќи дека нејзиниот третманот како нечовечка и бесмислена е производ на комерцијалните сфаќања. Тој смета дека постои повисок живот од животот на поединецот, а тоа е животот на народот и на државата, така што животот на поединецот треба да му бид еподреден на тој повисок живот. За Зомбарт, војната е израз на херојскиот поглед на животот, а војната против Англија е војна со спротивниот идеал - комерцијалното сфаќање на слободата на поединецот и англискиот комфорт.<ref>F. A. Hayek, ''The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition)''. Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 183.</ref>
 
== Наводи ==