Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

Нема измена во големината ,  пред 1 година
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
 
===Прва книга===
Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од [[4 мај]] [[1771]] година, а последното од [[10 септември]]: Вертер заминал во мало провинциско градчегратче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во [[природа]] и во разговори со локалното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, [[интелигенција]] и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил [[љубов]], знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.</ref>
 
===Втора книга===
Анонимен корисник