Милан Матов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
Од крајот на 1895 година постанал член на Организацијата, а од јуни 1900 година и на околискиот револуционерен комитет во Струга. Од јули 1902 до 1 март 1903 година лежел во затворот во [[Охрид]]. За време на [[Илинденското востание]] Матов бил во Струга од каде ги координирал активностите на четите во Струшкиот регион.<ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 33-35 стр.</ref>
Во 1904-1905 година учителствувал во Струга. Во април 1905 година отишол во Битола и станал член на Окружниот комитет на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]], а во јули 1907 година бил избран и за негов претседател и истовремено за битолски окружен војвода.<ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.101.</ref> Како таков, по прогласувањето на [[Младотурската револуција]], во Битола нему и на четите на ВМОРО му бил организиран свечен пречек од страна на младотурците.<ref>[http://www.promacedonia.org/tn/tn_25.html Николов, Тома, „Спомени от моето минало“, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989 г.]</ref><ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 193-199 стр.</ref> Во периодот помеѓу 1909-1911 година Милан Матов е училишен инспектор во Струга.
Во своите спомени за овој период војводата Матов напишал:
:''Една лажна гласина беше ставена во Македонија пред и по Илинденското востание, дека врховните комитети во Софија сакале присоединување кон Бугарија, а ВМРО сакало автономија. И кога во јуни 1906 година бев во Софија за напред наведеното се зазедов за разјаснување од [[Даме Груев]] и од брат ми [[Христо Матов|Христо]] и еве што ми одговорија: „Ние сме Бугари и секогаш сме работеле и ќе работиме за обединување на бугарштината. Сите други формули се фаза за постигнување на таа цел. Не е дошол уште моментот за решавање на нашиот проблем, и затоа нема место сега за расправии и приказни од сличен вид.''<ref> [http://www.promacedonia.org/dg/dgoc_3.htm Димитар Гоцев, Идејата за автономија како тактика во програмите на национално ослободителното движење во Македонија и Одринско, 1893-1941, изд. на БАН, Софија, 1983.]</ref><ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 260-261 стр.</ref>
 
Во [[Првата балканска војна]], Милан Матов бил војвода на чета № 24 при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] во Битолско,<ref>Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.</ref> потоа служел во 3 чета на 6 Охридска дружина, а за време на [[Втората балканска војна]] е во зборната партизанска чета на МОО.<ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 433 и 893.</ref> Тој бил еден од главните организатори на [[Тиквешко востание|Тиквешкото востание]]. По завршувањето на Втората балканска војна пребегнал во [[Албанија]], каде останал до избувнувањето на [[Охридско-дебарско востание|Охридско-дебарското востание]]. По избувнувањето на востанието со чета од Албанци и Турци заминал за Македонија,<ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 153 стр.</ref> каде што заедно со [[Петар Чаулев]], [[Павел Христов|Павле Христов]], [[Антон Шибаков]] и други, е меѓу главните организатори на востанието.
Ред 28 ⟶ 26:
Во [[2002]] година се објавени неговите спомени на македонски под наслов „Комитата раскажува“.
 
<gallery mode="packed" heights="200px">
Податотека:Milan Matov and Bitola voivodi 1908 IMARO.JPG|Милан Матов и окружните војводи на Организацијата по Младотурската револуција, јули 1908 година
Податотека:Milan Matov Post card.JPG|Младотурска поштенска картичка со војводата Милан Матов од 1909 година