Комерцијална банка - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
mk.wikipedia.org/wiki/Комерцијална_банка_-_Скопје
Одбиена последната промена (од Иван Стефановски) и ја поврати преработката 3663409 на ГП
Ред 5:
Банката е формирана на [[23 март]] [[1955]] година, со одлука број 1913 од страна на Народниот одбор на град Скопје, под името "Комунална банка на град [[Скопје]]", специјализирана за станбени [[кредит]]и и претпријатија и финансирање на општинска изградба. Во [[1965]] година е отворена првата експозитура на Банката во Скопје. Од [[1 јануари]] [[1966]] година Комунална банка се трансформирала во мешовит тип на банка и добила ново име: "Комерцијално–инвестициона банка - Скопје". Во [[1971]] година, трите водечки банки во Македонија, "Стопанска банка - Скопје", "Комерцијално–Инвестициона банка - Скопје" и "Комерцијално–Инвестициона банка - [[Битола]]" биле споени во една [[банка]] која работела под името "Стопанска банка – Филијала Скопје". Оваа банка прва ги вовела тековните сметки за граѓаните. Во согласност со одредбите на Законот за банки и други финансиски институции од [[1989]] година, во [[1990]] година, еден дел од "Стопанска банка – Филијала Скопје" се издвоил во посебна банка под името "Комерцијална банка АД Скопје". Истовремено, оваа банка била првото [[акционерско друштво]] во Македонија.<ref>[http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1120&lang=1&uc=1&par=0 Комерцијална банка АД - Скопје, Историјат]</ref> <ref>''50 години Комерцијална банка а.д. Скопје 1955 - 2005'', Комерцијална банка - Скопје, Скопје, март 2005, стр. 8</ref>
 
Во [[1993]] година, во банката бил инсталиран терминалот [[Ројтерс]] (Reuters) поради потребата за вклучување во меѓународните финансиски случувања. Во [[1995]] година, Комерцијална банка ја издала првата меѓународна [[кредитна картичка]] (EuroCard – [[MasterCard]]), а во [[1996]] година го поставила првиот [[банкомат]] во Македонија. Во [[1998]] година, со одлука на управниот одбор на банката, било основано брокерското друштво КБ-[[Брокер]], прво од таков вид во Македонија. Во [[2003]] година, [[акции]]те на Комерцијална банка започнале да котираат на официјалниот [[пазар]] на [[Македонска берза|Македонската берза]]. Согласно спроведувањето на реформата на пензискиот систем во Македонија, Комерцијална банка АД Скопје, заедно со Прва покојнинска дружба од [[Љубљана]], во јуни [[2005]] година го основала [[КБ Прво пензиско друштво]]. На [[30 јуни]] [[2011]] година, КБ Прво пензиско друштво имало вкупно 147 869 членови. На 16 ноемвриВо [[2009]] година, денот на отстранувањето на црвената петокрака од грбот на Република Македонија, заедно со Публикум Холдинг ДОО Љубљана, Пом-Инвест ДД [[Марибор]] и Форлекс С.Р.Л, пред 55 години, Комерцијaлна банка АД Скопје го основала друштвото за управување со [[инвестициони фондови]] [[КБ Публикум инвест АД Скопје]].<ref>[http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1120&lang=1&uc=1&par=0 Комерцијална банка АД - Скопје, Историјат]</ref>
 
== Мисија и корпоративни вредности ==